Бразил урива рекорди по смртност од коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 25 Март, 2021
Бразил урива рекорди по смртност од Ковид -19. Земјата ја надмина бројката од 300.000 починати од коронавирусот.
Вкупно 300.685 луѓе починаа, објави Министерството за здравство, бидејќи земјата се бори со експанзија на случаи препишани на локалниот бразилски вид на вирусот за која се верува дека е повеќе заразен. Просекот на починати е повеќе од трипати поголем отколку на почетокот на годината, а просекот за минатата недела беше 2.273 лица. Претседателот Жаир Болсонаро претходно објави дека формирал кризен комитет за борба против пандемијата. Тој претходно беше заразен со вирусот. Во светот има над 125 милиони заразени со коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.