19 Декември, 2025
0.0352

Брегзит го зголемува ризикот за светската економија

Објавено во: Економија 24 Јули, 2016 11:02

Добивај вести на Viber

Британскиот глас за напуштање на Европската унија го зголемува ризикот за светската економија. Тоа го изјавија министрите за финансии од Г-20 во неделата за време на состанокот во Кина, пренесува AFP.

Резултатот од референдумот на 23 јуни во Велика Британија, „додава несигурност во глобалната економија", истакна Лу Дживеи, министер за финансии на Кина, која е домаќин на средбата.

Но, тој додаде дека земјите од ЕУ се решени „да преземат проактивни активности во врска со можните економски и финансиски последици кои произлегуваат од референдумот во Обединетото Кралство“.

Излегувањето на Британија од ЕУ нема да биде брзо. Можеби ќе потрае две години, но дотогаш се си останува по старо. Луѓето од други земји ќе продолжат да патуваат и се слободни да работат во Велика Британија, да бараат помош од британските социјални служби на ист начин како и британските граѓани. Ова го изјави пред БНР белгискиот еврокомесар за безбедност, социјални прашања, вештини и работната мобилност Маријан Тејсен. „Каков ќе биде резултатот од преговорите за заминувањето? Ова е прашање за сите нас, но треба да почекаме“, додаде таа.

Според неа единствениот пазар е една целина. „Неговата концепција е таква - слободно движење на работниците, слобода на давање услуги, слободата на движење на стоки и капитал, но тоа важи само за полноправни членки на ЕУ“, рече таа. „Кои ќе се идните односи со Велика Британија како трета страна надвор од Унијата, генерално зависи од преговорите. Многу е тешко отсега да кажам за што ќе се преговара“, изјави уште Таисен.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар