19 Декември, 2025
0.0412

БРЕГЗИТ ИМ УДРИ ВО ГЛАВА: За само еден ден тие изгубија 127 милијарди долари!

Објавено во: Економија, Свет 27 Јуни, 2016 13:16

Добивај вести на Viber

Во само еден ден, 400 најбогати луѓе во светот изгубија 127,4 милијарди долари, процени Блумберг. Богатите Британци изгубија „само“ 5,5 милијарди долари, проценува агенцијата.

Одлуката на Британците да ја напуштат ЕУ предизвика тешки потреси на сите светски глобални пазари за капитал.

Поради Брегзит, европските пазари забележаа најостар пад од 2008. Фунтата падна на рекордно ниско ниво, што не се памети уште од времето на премиерката Маргарет Тачер.

Податоците покажале дека милијардерите поради „брегзит“ изгубиле 3,2 одсто од нето капиталот, што се проценува на 3,9 илјади милијарди долари од индексот на Блумберг . Меѓу европските милијардери, најголеми загуби има Амансио Ортего, најбогатиот Европјанин, кој изгубил 6 милијарди долари.

И многу други мултимилијардери доживеаја огромни загуби поради брегзит. Така првиот човек на Мајкрософт и првиот човек на Амазон, Бил Гејст и Џеф Безос изгубиле по милијарда долари, колку што изгубил и најбогатиот Британец Џералд Кевендиш.

Брегзит не влијаел толку на британските богаташи-15 вкупно од нив изгубиле „само“ 5,5 милијарди долари. Сопственикот на брокерската куќа „Hargrivs-Lansdaun“ Питер Харгривс изгубил најмногу 2,9 милијарди долари, што изнесува 19 одсто од неговото богатство. Да биде поголема иронијата Харгривс е изразен поборник на брегзит и за кампањата за излез на Британија од ЕУ донирал 3,2 милиони фунти.

Токму поради тоа не покажува каење и вели дека е спремен со новата британска влада да учествува во преобликување на економијата, кога Британија ја напушти Унијата.

-Имам огромен бизнис, преговарачко и економско искуство и сум еден од најуспешните британски претприемачи. Ако не ме вклучат, луди се-рекол Харгривс.

Ричард Брансон, заговорник за останување на Британија во Унијата, се помирил со одлуката на своите сонародници нагласувајќи дека британската „одлучност, решеност и чуство за добро“ биле неопходни „во текот на месеците и годините со искушение“.

Можеби ќе ве интересира

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?