19 Декември, 2025
0.1715

„Брегзит цунамито“ помина, но некои уште ги дрма

Објавено во: Економија 27 Јуни, 2016 12:47

Добивај вести на Viber

Акциите на Токиската берза се опоравија за повеќе до два проценти, после „Брегзит цунамито“ кое ги зафати финансиските пазари во петокот.

Индексот на Токиската берза  Nikkei 225 порасна за 2,39 одсто, односно за 357,19 поени, и на затворањето изнесувал 15.309,21 поени, откако во петокот паднал за речиси осум одсто.

Широкиот индекс за најликвидни акции Topix, кој во петокот потонал за 7,26 проценти, зајакна на почетокот на новата трговска недела за 1,77 одсто или 21,28 бодови на 1.225,76 поени.

Извозниците, меѓутоа, и понатаму се под притисок, бидејќи јакнењето на јенот во петокот и се закани на нивната профитабилност, со оглед на тоа дека јапонската валута скокнала после резултатот на британскиот референдум бидејќи инвеститорите се засилиле со вложувања во активи кои се сметаат за сигурни.

Тојота паднала 1,69 одсто на 5,151 јени, додека Нисан потонал 2,53 одсто на 919 јени. Панасоник склизна 1,14 проценти на 867 јени, а Сони е заклучен во пораст за 0,23 одсто на 2,782 јени.

Доларот во тргувањето во САД паднал на 101,87 јени од претходните 102,21 јен.

Што се однесува до пазарните акции, Хонгконшката берза ослабнала 0,7 одсто до пладневната пауза, Сеулската се спушти за 0,2 одсто, а Сингапурската изгубила 0,4 проценти. Манила, Џакарта и Тајпеј исто така се во пад.

Јуриш на сигурните вложувања исто така поттикна скок на златото за осум одсто во петокот на највисокото ниво во последните две години.

Шангајската берза поврати 0,9 одсто од вредноста а Сиднејската 0,6 проценти.

Можеби ќе ве интересира

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?