БРЕНДИРАНИ ПАТИКИ И ДРУГА СПОРТСКА ОБЛЕКА, ќе ги имаме ли повеќе и поевтини - хрватската Орбико сака да купи италијанска фирма
Објавено во: Економија 18 Октомври, 2024
Ќе дојдат ли Македонците на овие простори до убави и брендирани патики и друга спортска опрема, а по понисни цени.
Сето тоа засега е во фаза на една убава желба, но можеби и би можело да стане реалност, доколку се реализира зделката која би се случила меѓу две странски компамнии, од кои едната, сепак, е поврзана со земјава.
Имено, хрватската компанија Орбико, сака да купи италијанска фирма, во која влегуваат и фирми ќерки што се занимаваат со производство и продажба на стоки за широка потрошувачка, но и брендирани артикли, особено спортска и рекреативна облека.
Еве за што точно станува збор.
Хрватската компамнија Орбико ДОО за трговија Загреб, до нашата Комисија за заштита на конкуренцијата неодамна доставила известување дека има намера да стекне контрола над ХБИ ИТАЛИЈА АКВИЗИЦИЈА, со седиште во Италија.
Како што напишале од КЗК на нивната веб страница, компанијата ОРБИКО ДОО за трговија Загреб, чии предмет на работење е трговија, е присутна и во земјава, и тоа преку Друштвото за трговија и услуги ОРБИКО ДОО Скопје, чие седиште е во општината Кисела Вода, а чиишто предмет на работење е неспецијализирана трговија на големо.
Е сега, тоа наше македоснко претпријатие, 96,46 отсто е во сопственост на Орбико ДОО за трговија Загреб.
Додека, пак, италијанската фирма која сакаат да ја купат Хрватите, има предмет на работење – дејности на холдинг, што значи дека како фирми ќерки има неколку друштва и тие се следниве: ЧЕМПИОН ЈУРОП СОЦИЕТА’ А РЕСПОНСАБИЛИТА’ ЛИМИТАТА, чие седиште е во Италија и која има приоритетна дејност трговија на големо со облека и обувки.
Таа фирма, пак, има во свои рамки други друштва, меѓу кои ЧЕМПИОН ПРОДУКТС ЈУРОП ЛИМИТЕД, лоцирано во Даблин, Ирска, чии предмет на работа е комерцијализација на спортски производи, управување, развој и контрола на лиценцна активност, маркетинг и промоција на трговската марка, потоа ШАМПИОН ГЕРМАНИЈА ДООЕЛ, со седиште во Нирнберг, Германија, и со предмет на работење производство, маркетинг, продажба и дистрибуција на стоки за широка потрошувачка и брендирани артикли, особено спортска и рекреативна облека од секаков вид и какви било додатоци за тоа, и обезбедување услуги поврзани со овие производи, како и управување со различни деловни области кои се занимаваат со производство, маркетинг, продажба и дистрибуција на такви стоки и обезбедување на услуги кои се однесуваат на нив.
Нашата Комисија за заштита на конкуренцијата, врз основа на прелиминарното испитување, утврдила дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата, но сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана. Комисијата ги повикува заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација.
Н.Н.Ф.
Фото: Пиксабеј
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.