19 Мај, 2024
0.0265

Brexit го тресе банкарскиот сектор

Објавено во: Анализа, Свет 20 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Најголемата германска банка Deutsche Bank се подготвува за можно излегување на Велика Британија од Европската унија (Brexit), пишува Financial Times. Портпаролот на банката во Лондон соопшти дека е формирана работна група од високи менаџери, која треба да процени дали банката треба да изнесе некои од своите операции од Британија, доколку земјата одлучи да ја напушти ЕУ, и на тој начин ја потврдува првичната информација на изданието. Германската финансиска институција посочи дека веројатноста Велика Британија да излезе од ЕУ ги мачат нејзините клиенти. Претставници на банката се договориле дека работната група ќе испита дали ќе биде позитивно некои од активностите да бидат вратени во еврозоната, особено во Германија. Групата вклучува членови на раководството на одделенијата за стратегија, ризик, студии и претставници на раководството на банката во Велика Британија. Истражувањето сепак засега е во многу рана фаза, појаснува банката. Велика Британија е важен пазар за Deutsche Bank, која е претставена таму од 1873 година и има 9.000 вработени во 16 населени места во земјата. Во Лондон многу инвестициски банкари работат токму со Deutsche Bank. Дебатата за евентуален Brexit повторно се разгори откако британската конзервативна партија на Дејвид Камерон победи на изборите во мај. Камерон вети референдум до 2017 година по прашањето дали Велика Британија да остане членка на ЕУ. Многу бизнис претставници преферираат анкетата да биде следната година, за да се ограничи оваа несигурност. Можноста за Brexit пречи пред се на економијата. Евентуално повлекување на Deutsche Bank би било тежок удар и за Лондон како финансиски центар и воопшто за силно зависната од финансискиот сектор британска економија. Deutsche Bank е една од првите банки кои прават јавно слични свои стратегии. Се очекува и други европски банки да го следат нејзиниот пример. Финансискиот сектор во Лондон веќе се спротивстави на можна независност на Шкотска по шкотскиот референдум минатата година. Неодамна дури и традиционалните британски банки, како HSBC и Standard Chartered, изразија јавно можност за поместување на седиштата од Лондон. Тие се пожалија пред сè од се 'построгите правила за банките во Велика Британија, а особено од новите давачки за банките. Deutsche Bank сепак сега нагласува дека во истражувањето го зема предвид само прашањето дали Велика Британија ќе остане во ЕУ. Во меѓувреме стана јасно дека европскиот бизнис се плаши повеќе од Brexit отколку од Grexit (излегување на Грција од еврозоната). 45% од испитаниците во анкетата на консултантските компанија Warth & Klein Grant Thornton 1100 компании во Европа сметаат дека излезот на Грција од еврозоната ќе биде лошо решение. Според татковината на фирмата варираат и одговорите. Во Германија 37% од анкетираните менаџери се против излегување од еврозоната, а 27 отсто се поставени позитивно. 84 отсто од фирмите во Грција, пак, се за зачувување на членството во монетарната унија, а само 2% од нив гледаат во излегувањето повеќе шанси. Повеќе негативно кон Grexit се поставени и компаниите во Франција, Ирска и Шпанија. Во Холандија, Естонија и Финска сепак расположението се поврати. За сметка на тоа уникатно е мислењето во однос на Brexit. 64% од учесниците во анкетата менаџери од еврозоната гледаат во тоа опасност за својот бизнис, а во рамките на ЕУ цели 72% од менаџерите се плашат од таква опција. К.К.