19 Декември, 2025
0.0761

Brexit или Bremain, прашањето е сега?

Објавено во: Економија 10 Мај, 2016 08:12

Добивај вести на Viber

За почеток да појасниме. Станува збор за референдумското изјаснување за излез на Велика Британија од Европската унија кое ќе се одржи на 23 јуни годинава, односно за потресите кои резултатите од гласањето би ги предизвикале на европскиот и глобалниот пазар на капитал. Во моментов, таборот на приврзаниците за останување во рамките на унијата делува поброен, но до референдумскиот ден остануват нешто помалку од два месеца, па сеуште не би можело да се каже со сигурност дека сите карти се веќе отворени. Ова дефинитивно е најголемиот предизвик за Европската унија, уште од формирањето на Заедницата за јаглен и челик како нејзин предвесник во 1952 година, па поради тоа глобалните моќници се чувствуваат повикани да го изразат своето становиште, иако мнозинството британци го доживува истото како мешање во нивните внатрешни работи. Поради високиот влог во ситуацијата, дури и пазарите на капитал се однесуваат сразмерно со неа. Вложувачите секојдневно ги анализираат политичките изјави и испитувањата на јавното мислење, па ги прилагодуваат своите инвестиции соодветно на „ситуацијата на теренот“. Како што наближува моментот на одлуката, нестабилноста на берзите ќе биде сè поголема и поизразена. Главниот акциски индекс на британската берза годинава е во минус, како во однос на европските, така и во однос на американските индекси. Од почетокот на годината, до средината на април, британската фунта загуби речиси 10% од својата вредност во однос на еврото. Во последниов период е забележан благ пораст, како резултат на анкетите кои говорат дека се зголемува бројот на противниците за излез од ЕУ, иако тековните движења, без разлика дали нагорни или надолни, се релативно безначајни во однос на она што би можело да се случи по дознавањето на резултатите од гласањето. Да ги разгледаме обете сценарија. Во случај на победа на противниците на истапувањето, цените на акциите веројатно нагло би пораснале и би се надоврзале на американскиот раст, пред сè поради зголемената доверба, како во берзите, така и во економијата во целост. До тука е сè позитивно. Кон опцијата за останување во рамките на унијата се наклонети и британските букмејкери, каде веројатноста за напуштање се проценува во опсегот помеѓу 20 и 40% од страна на поединечните обложувалници. Вкупниот просек притоа е поблиску до дваесетте проценти, отколку до четириесет. Проблемот би настанал доколку се остварат негативните сценарија. На сите им е јасно дека тоа би имало негативно влијание и на британскиот и на европскиот БДП. Извесно е сепак дека ударот би бил многу посилен кон британската економија. Неколку големи компании и финансиски институции веќе најавија дека при евентуален излез на Британија од ЕУ, би преселиле дел од своите деловни операции во Париз или Франкфурт. Факт е дека ЕУ со Британија во нејзините рамки е далеку посериозен партнер во односите со САД, Русија, Кина, Латинска Америка и останатите велесили, отколку кога секоја од страните би настапувала засебно. Што е уште поважно, напуштањето на унијата од страна на земја членка би бил преседан кој би ја поткопал идејата за обединета Европа. Политичката нестабилност никогаш не донела ништо добро. Излезот на Британија би ја отворил Пандорината кутија, бидејќи прашањето „Кој е следниот?“ би било постојано актуелно. Дополнително, би се зајакнала позицијата на евроскептиците и би се зголемиле тензиите помеѓу земјите членки. Британија отсекогаш била заговорник на слободниот пазар и минималните државни интервенции во приватните бизниси. Пред неколку недели, како одговор на една дебата која се водеше на темава, Претседателот на управата на германската Луфтханза даде сликовита изјава, велејќи: „Британци, не нѐ оставајте сами во ЕУ со социјалисти, какви што се французите“. Изјавата го сумира расположението кај компаниите кои сѐ потешко се справуваат со бриселската бирократија. Затоа, евентуалното напуштање на Британија, веројатно уште повеќе би ја влошило ситуацијата за остатокот од Европа. Да резимираме од дотука изнесеното. Моменталната веројатност за Brexit е околу 20 %. Ситуацијата е само делумно вкалкулирана во цените на акциските и обврзничките пазари. Цените на берзите по правило ги отсликуваат очекувањата на инвеститорите за иднината која претстои, а бидејќи какви-такви шанси за напуштање на унијата од страна на Британија сеуште постојат, таа слика сега е силно заматена. При реализација на негативното сценарио, европскиот пазар би загубил од вредноста заради зголемениот ризик, а заостанувањето зад САД би било уште поголемо. Да се надеваме дека наскоро сѐ ќе се среди, иако претпазливоста пред референдумот не е на одмет. КД Фондови, повеќе од штедење

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд