„БРИКОЛАЖ“ СЕ „ПРЕСЕЛИ“ ВО ПОРАНЕШНИОТ СУПЕРТИНЕКС - дали се подготвува терен за отворање на првиот маркет на германски Лидл?
Објавено во: Економија 03 Јули, 2023 15:48
Брендот „Бриколаж“ се пресели во еден од објектите на скопски „Тинекс“, кој своевремено работеше како Супертинекс, но потоа долго време беше испразнет од стока и не функционираше.
Станува звор за објектот на Тинекс кој беше лоциран токму според Бриколаж.
Фактор има фотографии кои говорат за „преселбата“ на брендот Бриколаж во објектот на некогашниот Супертинекс.
А, што се крие зад ова селење, може само да се насетува или да се претпоставува.
Имено, како што веќе пишуваше Фактор во март годинава, германскиот голем трговски синџир „Лидл“ ја купил локацијата на „Бриколаж“ од компанијата „Скопски пазар“.
Таму се очекува да никне првиот маркет на Лидл во земјава, кој нашите граѓани со нетрпение го очекуваат, а во меѓувреме масовно пазарат од маркетите на Лидл во Грција, но и во соседна Србија, се разбира кога ќе имаат прилика да ги посетат тие држави.
Дали се подготвува терен за отворање на првиот маркет на Лидл во земјава, или станува збор само за преселба на локацијата на Бриколаж, откако нивниот објект беше продаден, останува да се види.

Како што веќе има пишувано Фактор, во февруари 2021 година Лидл ја регистрираше својата компанија во Македонија, а ќе биде управувана од бугарската филијала. Тогаш објавивме дека оваа, една од најголемите компании во малопродажбата во светот, во земјава ја регистрираше подружницата Лидл Северна Македонија Дооел со седиште во скопски Центар и со паричен влог од 500.000 евра, според податоците од Централен регистар.
Сопственик е германската матична компанија ВЕ-Интернационал Цвајте ГмбХ од Некарзулм, но субјектот специјализиран за трговија на мало претежно со храна, пијалаци и тутун ќе биде управуван од Софија, од бизнисмените Милена Емилова Драгијска, Бисер Борисов Инчовски и Љубомир Манолов Хрсев, објави тогаш Фактор.
Според описот на нивните надлежности и ограничувања, Лидл“ планира да вложи над 10 милиони евра во продавница и да купи земјиште поголемо од 10.000 квадратни метри.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




