„БРИКС – НОВ СВЕТСКИ ПОРЕДОК“: Вака пишуваат германските медиуми за самитот
Објавено во: Економија 23 Август, 2023
Насловите на
написите за самитот на БРИКС во најголемите германски медиуми се доста слични:
„Доаѓа ли нов светски поредок?“ (Der Spiegel), „Тие сакаат нов глобален поредок“
(Frankfurter allgemeine zeitung), „Точка број 1: Нов светски поредок“ ( Deutsche
zeitung). Разликата е само во неделникот „Zeit“, кој го формулирал насловот на
таков начин што звучи како почеток на шега: „Се сретнаа четворица пријатели на
Путин“.
Што навистина сака да биде БРИКС?
„Der Spiegel“ можеби најимпресивно ја претставува таа група земји што постои во нејзината сегашна форма од 2010 година: „Бразил, Русија, Индија, Кина и Република Јужна Африка - овие пет нации заедно претставуваат повеќе од 40 проценти од човештвото“. До средината на овој век, петте би можеле да сочинуваат половина од светската економија - и ниту една од нив не ја осуди нејзината членка Русија за нејзината воена за агресија. Ова се бројките што го прават 15-тиот самит на БРИКС значаен настан. Станува збор за тоа како голем дел од човештвото, надвор од западните индустријализирани нации, гледа на светот. И како го замислува својот иден поредок“.
„Она што ги обединува петте земји е незадоволството од доминацијата на Западот во светскиот поредок и неговите институции. БРИКС бара поголемо влијание кога станува збор за обликувањето на светот, без разлика дали во Советот за безбедност на ОН, Светската банка или заштитата на климата“, наведува германскиот неделник.
„Zeit“ пишува дека „објавата пред средбата го открива заедничкиот став на пријателите на Путин“ и наведува дека се зборува за „трговската војна на Америка со Кина“ и „едностраните санкции против Русија“. Германскиот весник оценува дека целта на БРИКС, кој сака да стави крај на доминацијата на Г7, е „да биде катализатор за одржлив и корисен раст и развој за сите страни, што ги задоволува потребите и барањата на целиот свет, а не само неколку привилегирани“.
Кој доаѓа, а кој не?
Медиумите, секако, се занимаваат и со „класични прашања“: кој е поканет, а кој не? Кој доаѓа, а кој не? Домаќинот, Јужноафриканската Република, покани, покрај четирите земји членки, уште 67 шефови на држави и влади, меѓу кои речиси сите африкански земји, како и претставници на 20 меѓународни институции.
Читателите на германските медиуми се информирани дека рускиот претседател Владимир Путин нема да дојде во Јоханесбург, односно дека ќе биде вклучен преку видеоврска - бидејќи, како што се наведува, против него е распишана меѓународна потерница за злосторства од страна на Меѓународниот кривичен суд во Хаг. Со делегација доаѓа лично министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.
Што е на дневен ред (а што не)?
Според домаќинот, финалната декларација треба да содржи регионални, но и глобални финансиски, економски и политички прашања. Тоа остава многу слобода“, оценува германскиот весник.
Frankfurter allgemeine zeitung: „Како што беше случај на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од БРИКС во јуни, веројатно ќе се разговара за плановите за користење на национални валути за трговски и финансиски трансакции меѓу земјите на БРИКС, наместо американскиот долар. Поблиска соработка однапред најавија и министрите за енергетика на тие земји. Станува збор за пристап до евтини и безбедни извори на енергија и спроведување на енергетската транзиција“.
Прашањето за проширување на БРИКС
Според информациите на домаќинот на самитот, 23 земји формално се пријавиле за членство. Меѓу нив се Аргентина, Иран, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Индонезија. И многу други неформално го изразија својот интерес за членство.
„Во секој случај, БРИКС постигна едно: се позиционираше како противтежа на меѓународниот поредок, кој се смета за инструмент за остварување на западните интереси, особено во јужните делови на светот“, пишува Deutsche zeiutung.
Истовремено наведува дека самитот на БРИКС е многу важен за Африка, на која „се додворуваат како што тоа одамна не било случај - и САД и Европа, како и Кина и Русија. Јужна Африка е решена да го искористи ова на самитот во Јоханесбург. „БРИКС и Африка“ е мотото на самитот, кој првенствено треба да се фокусира на економскиот раст, одржливиот развој и - со пријателски поздрав до Г7 - инклузивниот мултилатерализам.
EPA-EFE/KIM LUDBROOK* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.