05 Декември, 2025
0.0289

Брисел бара од Словенија да го намали загадувањето на воздухот

Објавено во: Балкан 28 Јануари, 2013 17:09

Добивај вести на Viber

Нова опомена за Словенија од Европската комисија поради високото ниво на загаденост на воздухот. Комисијата побара од државата да изработи акциски план за подобрување на квалитетот на воздухот.

Не само во Словенија, туку и во повеќе други земји членки на Европската унија, високата концентрација на ситни честички ПМ10 кои содржат олово, жива и други опасни материи, лошо влијаат на здравјето на населението, особено во зимски услови. Европската јавност смета дека квалитетот на воздухот се влошува, а Џо Хенон од Директоратот за животна средина при ЕК предупредува дека како последица на штетните честички во Словенија годишно умираат 12 пати повеќе луѓе отколку во сообраќајни несреќи.

Хенон тврди дека ЕК уште од 2005 година ги предупредува словенечките власти за неопходноста од решение за проблемот, поради што земјата е неколку пати и казнета. Официјален Брисел од земјите членки на ЕУ со најголем степен на загадување на воздухот бара преземање поефикасни мерки, а Словенија препорачува и изработка на специјален акционен план за намалување на концентрацијата на штетно загадување. Загадувањето на воздухот со честички ПМ10 настанува од сообраќајот, деловната индустрија, користењето цврсти горива, што во Словенија се смета за најакутен проблем. Зголемената концентрација на честички во воздухот предизвикува тешкотии во дишењето, а може да биде и една од причините за рак на белите дробови.

Словенечките здравствени работници тврдат дека од година во година се зголемува бројот на деца заболени од бронхитис, алергии и астма, што исто така, се препишува на високата концентрација на ПМ10 честички, особено во градовите што се наоѓаат во котлини.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии