18 Декември, 2025
0.0497

Британците не сакаат Бугари и Романци да им ја земаат работата

Објавено во: Балкан 26 Ноември, 2013 08:48

Добивај вести на Viber

Речиси половина од Британците се со став дека на Романците и Бугарите не треба да им се дава право да живеат и работат во Велика Британија. Според социолошкото истражување на Channel 5 дури 47% од Британците сметаат дека имигрантите од двете земји не може да имаат право да живеат, работат и да добиваат социјална помош во Велика Британија. 56 отсто од испитаниците пак мислат дека имигрантите влијаат негативно врз нивната земја. Според истражувањето само една четвртина од анкетираните сметаат дека Романците и Бугарите треба да бидат третирани како останатите жители на ЕУ. Осумнаесет од сто мислат дека жителите од овие две земји треба да имат ограничени права за живот и работа и да  го користата британскиот систем за социјалан помош. Истражувањето е спорведено откако Daily Telegraph објави дека МВР на Британија нема отфрлено ниту една молба на британски работодавач за прием на работници од Бугарија од 2007та година до сега. Анкетата спроведена во Британија предизвика навистина голем револт кај источниот сосед. Иако и досега беше јасно дека Велика Британија нема големи симпатии кон работниците од Бугарија и Романија сепак Софија очигледно не очекувала вакви бројки. Амбасадорот на Софија во Лондон тврди нема информаци оти некој работодавач кој прима работник од Бугарија бил одбиен  иако според него граничните службеници имале инструкции да ги одбиваат молбите ако за соодветното работно место имало кандидат од Британија. Бугарскиот амбасадор бара, бугарските жители кои се населуваат во Британија да не бидат нарекувани имигранти, револтиран од потегот бидејки тврди тој и неговата земја е дел од ЕУ исто како и Британија. К. К.  

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии