19 Декември, 2025
0.0587

Британија бара да се затегнат даночните правила за корпорациите

Објавено во: Свет 16 Февруари, 2013 18:10

Добивај вести на Viber

Велика Британија побара од земјите членки на групата Г-20 да донесат заеднички мерки за да се спречи неплакањето данок од страна на големите мултинационалните комапнии. Пред да замине за Москва, британскиот министер за финансии Џорџ Озборн на годишната конференција на министрите за финансии од Г-20, изјави дека британската влада сака таков даночен систем кој ќе помогне за придвижување на бизнисот и на економијата, што значи и создавање на нови работни места, но и систем што ќе ги натера компаниите да ги плаќаат своите обврски кон државата и да плаќаат данок. „Ние ги сакаме странските компании во Велика Британија и земјата прави се нивниот број да се зголемува, сметајќи дека нуди добри даночни услови и ниски даноци, но за возврат бара компаниите да ги плаќаат даноците“ изјави Озборн. Британскиот министер откри дека Велика Британија, заедно со Франција и Германија ќе побара заедничка акција на глобално ниво, затоа што само на тој начин ќе се доведе ситуацијата во ред, а компаниите ќе се спречат да ги одбегнуваат даночните обврски, коростејќи ги празнините што сега постојат. ОЕЦД во својот последен извештај укажува на овој проблем, заговарајќи глобален договор за реформирање на сегашниот корпорациски даночен систем, првпат воведен во дваесетите години на 20 век, со решение на тогашната Лига на народите. Проблемот со даноците и големите комании во Велика Британија предизвика политичко бранување кога се откри дека моќни компании, какви што се „Амазон„, „Старбакс“ или „Гугл“ не плаќале данок или давале неспоредливо помалку во споредба со нивните профити, користејќи ги празнините и недореченостите на сегашното даночно законодавство.  

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела