05 Декември, 2025
0.0263

Британија и се смее на ЕУ - Еврозоната стана машина за сиромаштија

Објавено во: Анализа 25 Октомври, 2016 07:20

Добивај вести на Viber

Велика Британија која ќе мора во наредниот период да ја „билда“ довербата во домашната економија и фунтата, иронично ја проценува еврозоната како неуспешна во економските параметри, како машина која сега произведува сиромаштија. 

Во голем број на земји од Источниот и Јужниот блок се поголем е процентот на сиромаштија која претходно беше невообичаена, берзите на секоја помала криза паничат и губат масовни средства, банките се нестабилни, а надворешните долгови се рекордни високи, па неопходни се државни интервенции на неколку години. Ова се перспективите кои ги согледува британски Телеграф трудејќи се индиректно да влее надеж кај своите читатели дека на Британија и нема да и биде така лошо ако сама управува со својата економија и нема да зависи од гломазната европска бирократија и несфатливата регулатива.

Според анализата главен виновник е единствената валута евро која нема еднаква вредност на пример во Бугарија и во Германија, а личниот доход е драстично различен, особено во јужните држави како Шпанија и Грција кои се соочија со најголем пад од 2008-ма наваму и се уште не успеале да се справат со последиците. 

Исто така проблематична е и се поголемата закана за потпаѓање во групата на социјално ранливи категории, со граѓани кои примаат под 60% од националниот просек кој и самиот постојано опаѓа и не можат да си дозволат повеќе неопходни добра и услуги. Во оваа ризик група спаѓа дури 35.7% од населението на Грција според податоците на Евростат, па дури и во Луксембург кој е познат по стабилната економија сега има 18.5% лица во ризик што е пораст од 3.2%.

Единствено решение за стабилен економски раст, справување со сиромаштијата, падот на личниот доход и куповната моќ е да се воведе реформа на европската единствена валута која повеќе не функционира и ќе придонесе за идни проблеми, дури и за земји кои долго време работат со еврото.

Автор: Христијан Станоевиќ

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени