19 Декември, 2025
0.0332

Британија не сака да учествува во спасувачката програма за Грција

Објавено во: Балкан 14 Јули, 2015 12:18

Добивај вести на Viber

Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн ќе се спротивстави на повиците Британија да земе учество во најновиот грчки спасувачки план, зад на гневот на Даунинг стрит дека идејата била донесена од Европската комисија со поддршка на Франција, пишува во својата анализа Financial Times.

Во вторникот министерот ќе им соопшти на своите колеги од еврозоната дека идејата Британија да учествува во пакетот финансиска помош за Грција е неприфатлива и ќе биде во прекршување на договорот помеѓу лидерите на ЕУ во 2010 година. Се очекува тој да изјави во Брисел дека т. Нар. European Financial Stabilisation Mechanism (EFSM), фонд, во кој се вклучени сите 28 членки на ЕУ, не може да се користи за обезбедување на кредити за Грција.

Уделот на Велика Британија во EFSM се проценува на околу 1 милијарда евра. За својата позиција Озборн веќе  известил некои свои колеги, меѓу кои и германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, по телефон уште во понеделник, пишува FT.

"Нашите колеги од еврозоната добија јасна порака од нас, дека би било неприфатливо повторно да има британска помош во оваа област", соопштуваат од Министерството за финансии во Лондон. "Само идејата да се користат парите на британските даночни обврзници за последен договор со Грција е неразумна", појаснуваат од таму.

Идејата за учество и на Велика Британија во грчкиот спасувачки план наиде во текот на преговорите меѓу лидерите на еврозоната во раните утрински часови на понеделникот наутро.

Неколку учесници во средбата сепак искажале загриженост за употребата на итни пари од името на сите 28 земји членки, без да се консултира тоа со Лондон, каде приговорите на Дејвид Камерон кон употребата на Фондот се добро познати.

"Може и да избегнете Grexit, но да предизвикате Brexit", изјавил еден од присутните на состанокот.

Уште во 2010 година британскиот премиер Дејвид Камерон доби уверување дека тогашниот Европскиот финансиски стабилизација механизам (EFSM) на сите земји од ЕУ нема да им дава повеќе помошни програми за земјите од еврозоната. Се очекува тоа да го прават 19-те членки на еврозоната.

Извори на весникот тврдат дека Мартин Селмаиер, шефот на кабинетот на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, повикуваше за користење на EFSM како средство за отклучување на ургентните мостови за финансирање.

Франција имала особено желба за користење на EFSM чии финансиски средства може да се активираат преку гласање со квалификувано мнозинство по препорака на Комисијата.

Грција треба да плати на Европската централна банка 3,5 милијарди евра во понеделникот следната недела, но бидејќи Меѓународниот монетарен фонд има предност пред сите други кредитори, Атина треба да се раздолжи на ММФ пред да ги исплати средствата на ЕЦБ, што значи , Грција треба да плати 7 милијарди евра во понеделникот. Други 5 милијарди евра се потребни во август, за да се исполнат слични транши.

Околу половина од овие 7 милијарди евра може да дојдат од профитот од грчките обврзници, чувани од ЕЦБ - добивка, која беше ветена на Атина како дел од вториот спасителен договор во 2012 година. Но еврозоната се отежнува да најде брзо остатокот од износот а на EFSM се гледа како на брз извор на пари.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен