19 Декември, 2025
0.1062

Британија во загуби поради снежните врнежи

Објавено во: Свет 28 Јануари, 2013 12:26

Добивај вести на Viber

Штета од над 400 милиони фунти снежните врнежи секојдневно и нанесуваат на британската економија, а во износот се вклучени само загубите од неодењето на вработените на работните места, соопшти британската телевизија Sky News, цитирана од ИТАР-ТАСС. Во изминатите неколку дена околу 33% од сите вработени поради снегот секојдневно не успеваат да стигнат до својата канцеларија или претпријатие. Вкупниот износ на штетите за британската економија допрва треба да биде пресметан од специјалисти. Од Sky News сепак забележуваат дека оваа снежна и студена зима не е најтешкиот климатски тест за економијата на Велика Британија во последните неколку години. Во 2010 година поради слично лошо време до своите работни места не успеаја да дојдат околу 44% од Британците, а секојдневните штети беа проценети на 690 милиони фунти. Се очекува во текот на оваа недела просечната температура во земјата да достигне 14 степени целзиусови. Но, тоа може да создаде дополнителни проблеми, бидејќи толку нагло затоплување се заканува со сериозни поплави. Според британската агенција за животна средина  во многу области на британските острови постои веројатност од поплави, додека пак се испратени околу 100 предупредувања. Во Лондон се одржува топло и јасно време, температурата не паѓа под 7 степени, а паднатиот снег речиси се стопил.

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците