19 Декември, 2025
0.0502

Британците масовно ја напуштаат земјата

Објавено во: Свет 23 Јануари, 2013 11:10

Добивај вести на Viber

Два милиона луѓе во активна возраст ја напуштиле Британија , тврди парламентарец од Лондон. - Речиси два милиони Британци во активна возраст ја напуштиле државата во изминатата деценија, што и наштетува на економијата и ги принудува работодавачите да бараат работници имигранти, предупреди висок претставник од Конзервативната партија. Спротивно на стереотипите дека типичните британски емигранти се пензионери, кои претпочитаат да живеат на потопли места, се вели во статистички податоци изнесени од Ник де Бојс од таа партија, за десет години - до 2011 година, од Британија емигрирале речиси 3,6 милиони луѓе и околу два милиона од нив се на возраст меѓу 24 и 44 години. пензионерите биле само 125.000. Пратеникот посочува дека актуелното политичко фокусирање на ограничување на имиграцијата значи дека не се води доволно сметка за последиците од емигрирањето. - Владата треба да направи напори да ги задржи високообразованите кадри во државата, а не да внесува други, за да го пополни недостигот, вели Бојс. Поголем дел од оние што ја нпуштаат Британија се вработуваат во фармацевтската, воздухопловната или инженерската струка во странство, додава Бојс.  Според анализа на МВР на Британија, од минатата година, речиси половината од емигрантите се Британци со висока професионална квалификација и менаџери на компании. Официјални податоци од 2012 година укажуваат дека илјади Британци дипломирани на најдобри универзитети во Обединетото Кралство избираат да работат во странство. Според Дејли телеграф, речиси секој десетти Британец кој завршил престижен колеџ (Кембриџ, Дарам, Екситер и Оксфрод) нашол работа во странство.

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците