БРНАБИЌ: Ембаргото на руската нафта ќе влијае на економијата, ама Србија е енергетски стабилна земја
Објавено во: Балкан 05 Декември, 2022
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, по повод стапувањето во сила на ембаргото за извоз на руска сурова нафта по морски пат, како дел од пакетот санкции на ЕУ против Русија, изјави дека тоа ќе има влијание врз српската економија, но дека Србија е енергетски стабилна земја.
Нафтеното ембарго усвоено со пакетот санкции против Русија треба да стапи на сила денеска.
Брнабиќ изјави дека во моментов, благодарение на напорите на српскиот претседател Алкександр Вучиќ, Србија е енергетски безбедна.
Како што истакна таа, Владата на Србија прави се што е во нејзина моќ Србија да остане енергетски безбедна во наредниот период.
Србија увезува сурова нафта по морски пат преку нафтоводот Јанаф во Хрватска, но повеќе нема да може да ја користи таа нафта за увоз на руска нафта поради санкциите на ЕУ против Русија. За разлика од некои европски земји, како што е Хрватска, Србија не доби изземање.
Министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ претходно изјави дека „Србија не увезла големо количество нафта од Русија, туку повеќе од Ирак и Казахстан“.
(Извор: Танјуг, Еуроњуз)