Брнабиќ ги искара КФОР и ЕУ дека нивната реакција на Косово е задоцнета
Објавено во: Балкан 29 Мај, 2023 14:59
Српската премиерка Ана Брнабиќ вели дека нема ниту еден добар збор да каже за партнерите во ЕУ и КФОР и дека тие задоцнија.
Вели ека ситуацијата на Косово е тешка и дека и се чини дека никогаш не било потешко.
„Благодарам на нашиот народ во Косово што е достоинствен до тој степен што е неверојатно, што е мирољубив, што пружи ненасилен отпор, што се бори за своето име и презиме, за своите домови и за државата Србија. Се чини дека специјалните единици на косовските сили, а се чини дека КФОР и НАТО едвај чекале нешто да направат Србите, за да реагираат. Немам ниту еден убав збор да кажам за нашите партнери во ЕУ и КФОР, нивната реакција беше задоцнета, требаше да бидат во петок вака како денеска“, изјави таа.
Премиерката рече дека тие денес не ја штитат демократијата „туку узурпаторите – од демократијата и од обичните луѓе и дека тоа мора да продолжи за да се зачува мирот.
Шефот на дипломатијата, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека меѓународната заедница сега треба да преземе што ѝ налагаат законите и меѓународните обврски, односно да обезбеди безбедност и стабилност за Србите на Косово. Во интервју за РТС, Дачиќ изјави дека ескалацијата на неодговорното однесување на Приштина, што предизвикува конфликтни ситуации, трае со месеци. Тој кажа дека нема да дозволат српски жртви.
Според рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ситуацијата во Косово е алармантна и ќе се случи експлозија во центарот на Европа. Инаку, на изборите кои Србите ги бојкотираа, победија градоначалници од албанска националност и тие ќе ги управуваат српските општини на север. За Србите овие градоначалници се нелегитимни. Тие бараат формирање Заедница на српски општини, нешто што Косово го одолговлекува веќе десет години.
Можеби ќе ве интересира
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?
ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка
Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“




