Брнабиќ: Седете дома или ќе воведеме полициски час!
Објавено во: Балкан 16 Март, 2020 09:46
До утринава во Србија бројот
на заразени со Ковид-19 се искачи на 55. Премиерката Ана Брнабиќ бара од
граѓаните сериозно да ја сфатат ситуацијата.
-Ова што го гледам по улиците е поразително, немојте да не терате да воведеме полициски час. Улиците се полни, има неверојатна сообраќајна гужва, навистина сликата е поразителна. Ве молам за самодисциплина, особено повозрасните лица да не излегуваат од дома. Војската и полицијата ни се потребни за да им помогнат на медицинските екипи, изјави премиерката Брнабиќ во живо во утринската програма на ТВ Прва.
Претседателот Александар Вучиќ синоќа соопшти дека е донесена одлука за воведување вонредна состојба на територијата на целата држава, нагласувајќи дека ќе биде ограничено движењето на возрасните лица над 65 години.
- Пензионерите и лицата постари од 65 годиниво наредниот период мора да останат дома, тие се најранливата категорија на коронавирусот. Следните три дена целосно ќе ја следиме ситуацијата и ќе вршиме физички проверки. Ако има прекршување на мерките, ќе следуваат сериозни казни. Вучиќ најави дека од денеска војската ќе ги чува болниците, а полицијата ќе ја спроведува наредбата за изолација.
-Кој ќе ги прекрши мерките за изолација ќе добие затворкс аказна од три години, сфатете ја зериозно ситуацијата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





