05 Декември, 2025
0.0269

Бројката на корисници на „смартфон“ стигна до 1 милијарда

Објавено во: Стил 18 Октомври, 2012 12:19

Добивај вести на Viber

Во текот на третиот квартал на 2012 година, индустријата за т.н паметен телефон (смартфон), ги поместува границите, па според последните податоци на аналитичарите од „Стратеџи Аналитикс“ меѓу јули и септември 1,04 милијарди жители на Земјата користеле смартфон.

Пет години по излегувањето на Ајфон на пазарот, во вториот квартал на 2012-та 959 милиони лица користеле ваков телефон. Во третото тримесечје од 2011, во светот биле во употреба 708 милиони смартфони. Американските истражувачи очекуваат нивниот бројот да се удвои и да достигне 2 милијарди луѓе во текот на следните три години.
Првиот смартфон беше „Нокиа Комуникатор“ и се појави уште во 1996 година, но брзо беше засенет од моделите на Епл по пласирањето на Ајфон на пазарот во 2007 година. И компанијата за истражување на пазарот „Ovum“ пак очекува дека во наредните години се повеќе луѓе ќе купуваат смартфон. Компанијата сепак предвидува дека во 2012 година ќе бидат продадени 448 милиони вакви телефони, а во 2017 година, индустријата ќе продаде 1,7 милијарди.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: