Бројката на ковид дијагностицирани во земјава надмина 95.000
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 09 Февруари, 2021
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 95.347.
Kaко што објави денеска Министерството за здравство, бројката на оздравени пациенти е 85.846, на починати е 2.955, а бројот на активни случаи изнесува 6.546. Во Скопје има 41.681 потврдени и 3.256 активни случаи.
За 24 часа има 476 нови заразени, 9 починати и 407 оздравени. Денес бројката на оздравени е помала од бројката на нови заболени, што не беше случај претходните денови.
За примање вакцина, веќе се пријавиле 4.000 здравствени работници, од кои 2.000 се во Скопје, а останатите од другите градови.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.