БРОЈКИ И ТАБЕЛИ: Расте задолжувањето на граѓаните, поспоро се кредитира стопанството!
Објавено во: Анализа 23 Март, 2014 08:50
„Наспроти домаќинствата, бизнис секторот сеуште се соочува со предизвици, особено ликвидносни. Месечните стапки на раст на кредитите кон овој сектор се сеуште ниски, а благото забрзување на годишната стапка е водено само од порастот на кредитите во еден месец, декември 2013. Дополнително, нефункционалните кредити кај овој сектор перзистираат на ниво од околу 15%. Сето ова, не дава значителен простор да се биде преголем оптимист, но верувам дека странските директни инвестиции, градежната експанзија, како и некои поволни кредитни линии за фирмите ќе го забрзаат и овој раст годинава“, вели унивезритетскиот професор Марјан Петрески.
Според Петрески, што се однесува до монетарното злато, поради падот на цената на златото на светските берзи, централната банка регистрира загуба за 2013. Ако се погледне подетално, 60% и повеќе од загубата се должи на промената на цената на златото, што е обратен процес во билансот на НБРМ од оној кога цената на златото растеше. Оттука, загубата на НБРМ не се должи на лошо работење, туку на ценовни промени кои имаат само сметководствени но не и готовински импликации.
Каков е трендот на задолжување низ годините
Според податоците на НБРМ од вкупната сума на кредити која во феруари годинава изнесува 3 милијарди и 803 милиони евра, 2 милијарди 921 милиони евра се кредити одобрени во денари, додека останатите 882,4 милиони евра се одобрени во странска валута.
Во однос на јануари годинава во февруари годинава има раст на кредитите за 15 милиони евра, од кои 12 милиони евра се раст кај кредити одобрени во денари и 3,3 милиони евра раст кај кредитите одобрени во странска валута .
Односно, вкупната кредитна задолженост во јануари годинава изнесувала 3 милијарди и 788 милиони евра. Од нив 2 милијарди и 909 евра се одобрени во денари, додека останатите 879.100 милиони евра се одобрени во странска валута.
Ако се анализараат податоците од февруари годинава со февруари минатата година, ќе се види дека вкупната кредитна задолженост е зголемена за 250 милиони евра. Односно во февруари годинава изнесува 3 милијарди 803 милиони евра, додека во февруари лани изнесувала 3 милијарди 553 милиони евра.
Во 2013 година во однос на 2012 вкупната кредитна задолженост е зголемена за 229 милиони евра, во 2012 година во однос на 2011 година вкупната кредитна задоженост е зголемена за 183 милиони евра, во 2011 година во однос на 2010 година вкупната кредитна задолженост е зголемена за 265 милиони евра, во 2010 година во однос на 2009 година вкупната кредитна задолженост е зголемена за 205 милиони евра.
Во 2009 година во однос на 2008 година вкупната кредитна задолженост е зголемена за 98 милиони евра, во 2008 година во однос на 2007 година вкупната кредитна задолженост е зголемена за 717 милиони евра, во 2007 година во однос на 2006 година вкупната кредитна задолженост е зголемена за 586 милиони евра, во 2006 година во однос на 2005 година вкупната кредитна задолженост е зголемена за 350 милиони евра, во 2005 година во однос на 2004 година вкупната кредитна задолженост е зголемена за 198 милиони евра, во 2004 година во однос на 2003 година вкупната кредитна задолженост е зголемена за 189 милиони евра.
Од анализата на податоците се гледа дека најголеми задолжувања имало во 2008, 2007 и 2006 година. Односно зголемувањето на задолжувањата е регистрирано во 2006 година кога за една година се зголемени за 350 милиони евра, потоа тој тренд продолжува и во 2007 година кога за една година вкупната кредитна задолженост пораснала за 586 милиони евра а врвот е достигнат во 2008 година кога за една година вкупната кредитна задолженсот пораснала за 717 милиони евра.
С.Н.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





