Бројот на ковид случаи во светот надмина 125 милиони
Објавено во: Свет, Корона Вирус 24 Март, 2021
Бројот на ковид случаи во светот изнесува повеќе од 125 милиони.
Скоро 22 милиони се моментално активни, покажуваат најновите податоци на веб-страницата на „Worldometers“. Досега во светот биле заразени 125.108.807 лица, починале 2.750.349, а оздравеле 101.032.556. Во моментов има 21.325.902 активни случаи во светот, а 0,4 проценти од пациентите, поточно 91.585, се во сериозна или критична состојба. Соединетите држави сè уште водат по бројот на болни и мртви со 30.649.098 заразени и 557.053 смртни случаи.
Засега нема починати во Источен Тимор, Доминика, Нова Каледонија, Лаос, Макао, Самоа и други.foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.