05 Декември, 2025
0.2102

Бројот на вработени во индустријата продолжува да паѓа

Објавено во: Економија 28 Декември, 2012 19:15

Добивај вести на Viber

Индексот на бројот на работниците во индустријата во  ноември 2012 година, во однос на ноември 2011 година, изнесува 99,3, соопшти Државниот завод за статистика. Според податоците, бројот на работниците во индустријата во ноември 2012 година, во однос на ноември 2011 година, бележи пад од 0,7 отсто, со што нивниот број паѓа 13 -ти месец по ред. Најдрастичен пад на бројот на вработени е забележан во делот поправка и инсталирање машини и опрема, -29% и кај производството на моторни возила и приколки, -11%. Бројот на работници во секторот рударство и вадење камен во ноември 2012 година бележи пораст од 9,0% во однос на ноември  2011 година, во секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2,0%, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 3,3%. Според главните индустриски групи, бројот на работници во индустријата во ноември 2012 година бележи опаѓање во однос  на ноември 2011 година кај интермедијарните производи (освен енергија) за 3,6%, кај капиталните производи за 9,3%, кај трајните производи за широка потрошувачка за 7,9%, додека кај енергијата бележи пораст од 9,5% . Индексот на бројот на работници во индустријата во периодот јануари-ноември 2012 година во однос на периодот јануари-ноември 2011 година изнесува 97,5 односно бројот на работниците во индустријата бележи пад од 2,5 отсто.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?