БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАРОТ ВО ТУРЦИЈА СЕ ИСКАЧИ НА 76: Полицијата приведе девет лица
Објавено во: Свет 21 Јануари, 2025
Бројoт на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76.
Пожарот избувнал ноќеска, кога во хотелот престојувале 238 гости. Иако огнот е ставен под контрола, итните служби продолжуваат со пребарувања на теренот.
„Локацијата на хотелот, сместен на рид, го отежнувала пристапот за гаснење од сите страни“, изјави министерот за внатрешни работи, Али Јерликаја.
Турското Министерство за внатрешни работи потврди дека девет лица се приведени во врска со пожарот. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја прогласи среда, 22 јануари, за ден на жалост во земјата по пожарот во ски-центарот Карталкаја.