ФАКТОР НА ДЕНОТ: Tрамп потпиша наредби кои ќе донесат промени во САД, во Панама протест поради најавите за каналот
Објавено во: Свет 21 Јануари, 2025
ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ТРАМП И ДЕНЕСКА Е ТОП ТЕМА
Новиот американски претседател Доналд Трамп го потпиша првиот сет на извршни наредби на крајот од неговата инаугурација во арената Капитал Уан во Вашингтон, пред да биде однесен во Белата куќа каде продолжи да потпишува.
Подолу е списокот на сите прописи што Трамп ги потпиша по церемонијата:
Укинување на правото на државјанство по раѓање
Наредба: Покрај серијата наредби насочени кон имиграцијата, Трамп цели на автоматско државјанство за деца родени во САД на имигранти кои се илегално во земјата, што ќе стапи на сила за 30 дена.Откако вчера американскиот претседател Доналд Трамп ја повтори идејата за враќањето на Панамскиот канал, денеска жителите на оваа земја протестираа и запалија американско знаме, но и слики од Трамп. На едно видео имаше и луѓе кои со стапови ја тепаа куклата на Трамп. Тие му порачаа на Трамп дека Панамскиот канал не е на продажба.
Русија е против идејата на Трамп.НА ОНКОЛОГИЈА ПОВТОРНО НЕМА БИОЛОШКА ТЕРАПИЈА
Лекови од суштинско значење, како „atezolizumab (tecentriq)“, „bevacizumab (avastin)“, „palbociclib“, „ribociclib“, „fulvestrant“ и „cetuximab“, недостасуваат на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Пациентите во изјава за МИА информираат дека моментално нема биолошка терапија, што го зголемува нивниот страв за можен недостиг и на други лекови, како „trastuzumab emtansine (kadcyla)“, „nivolumab“, „cobimetinib“ и „vemurafenib“.
УЧЕНИК ПАДНАЛ ОД ТРЕТИ КАТ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ПРИЛЕП
Ученик на 11-годишна возраст се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од прозор од трет кат во основното училиште “Гоце Делчев” во Прилеп,пренесуваат локални медиуми.
МИНИМАЛНАТА КОШНИЧКА ПАК СЕ ЗГОЛЕМИЛА
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во јануари се зголемени за 391 денар во однос на декември. Во делот на храната и пијалоците се бележи зголемување од 123 денари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија кој денеска на прес-конференција ги објави најновите податоци за Синдикалната минимална кошничка и за тоа дали новогодишната кошничка ги дала посакуваните ефекти.
Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов рече дека за 12 месеци, односно од почетокот на минатата година досега минималните трошоци во делот на храната и пијалоците се зголемени за 10,43 проценти што значи дека инфлацијата не е 3,5 проценти како што покажуваат статистичките податоци, туку над 10 проценти.ЧИТАЈТЕ УШТЕ