09 Декември, 2025
0.0454

РУСИЈА СО ПОРАКА ДО ТРАМП: Не помислувајте за преземање на Панамскиот канал

Објавено во: Свет 21 Јануари, 2025 16:29

Добивај вести на Viber

Русија денеска му порача на новиот американски претседател Доналд Трамп ни случајно да не помислува на преземање на контролата над Панамскиот канал.

Руското Министерство за надворешни работи порача дека Панамскиот канал легално ѝ припаѓа на Панама и ги предупреди Соединетите Американски Држави(САД) да не се обидуваат повторно да го преземат, со воен или економски притисок.

„Очекуваме во текот на претстојните разговори меѓу раководството на Панама и американскиот претседател Доналд Трамп за прашањата за контролата над Панамскиот канал страните да го почитуваат актуелниот меѓународен правен режим околу овој клучен пловен пат“, кажа Александар Шчетинин, директорот на одделот за Јужна Америка во руското министерство.

Тој вели дека Русија ги потврдува своите обврски за одржување на постојаната неутралност на Панамскиот канал, залагајќи се за зачувување на овој меѓународен транзитен пловен пат безбеден и отворен.

Панамскиот канал ги поврзува Атлантски и Тихи Океан и еден од најважните трговски патишта за САД, со околу 40 отсто од сите американски трговски бродови кои минуваат низ него.

Изграден е од САД и отворен во 1914 година, а неговата контрола и е предадена на Панама во 1999 година, по договорот постигнат во 1977 година од тогашниот американски претседател Џими Картер.

„Луд подарок што никогаш не требаше да се даде“, изјави Доналд Трамп.

Панамскиот претседател Хозе Раул Мулино му порача на американскиот претседател да ги држи рацете подалеку од Панамскиот канал и дека САД никогаш нема да го вратат. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

НЕ Е САМО НЕТФЛИКС: Парамаунт со конкурентска понуда за преземање на „Ворнер Брос - Дискавери“

НЕ Е САМО НЕТФЛИКС: Парамаунт со конкурентска понуда за преземање на „Ворнер Брос - Дискавери“

Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ

Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ

Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина

Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина

Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон

Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон

Русите намалија со алкохол: Драстичен пад на потрошувачката

Русите намалија со алкохол: Драстичен пад на потрошувачката

Петгодишно дете со жижица предизвика пожар во Германија

Петгодишно дете со жижица предизвика пожар во Германија

(ВИДЕО)Дали синот на Трамп тукушто го објави целосното повлекување на Америка од договорот за Украина?

(ВИДЕО)Дали синот на Трамп тукушто го објави целосното повлекување на Америка од договорот за Украина?

Рускиот гас ќе биде целосно забранет од овој датум: Три земји ќе продолжат да го увезуваат

Рускиот гас ќе биде целосно забранет од овој датум: Три земји ќе продолжат да го увезуваат

Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за пазарот во Европа

Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за пазарот во Европа