01 Декември, 2024
0.0256

Брокерите, ем едуцирани, ем едвај преживуваат!

Објавено во: Колумни 31 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Неодамна во сите наши медиуми одекна веста дека еден пијан брокер на компанијата ПМВ оил фјучерс инвестирал 520 милиони долари и купил седум милиони барели сурова нафта. Со таквиот негов потег тој предизвикал збрка и паника на берзите, узурпирал 96% од светската трговија со нафта тој ден што предизвикало зголемување на цената на нафтата на највисоко ниво во изминатите осум месеци. Од  купувањата кои ги остварил овој брокер компанијата покажала загуба колку што изнесува нејзиниот вкупен годишен приход. Оваа вест одекна кај нас во јавноста како шокантна за тоа што се случува во светот на пазарите на капитал, а мене ми даде еден посебен повод да проговорам за професијата брокер во нашата држава и да направам одредени објаснувања. Ова што се случило во лондонскиот Сити изгледа вообичаено, брокер слободно да тргува без ограничувања за цена и количина. Дали е тоа можно кај нас, на македонската берза? Британската влада ја даде најголемата помош  при концепирањето на Македонската берза и едукацијата на првата генерација на брокери во Македонија, дали тоа значи дека брокер во Лондон и брокер во Скопје е исто? Најпрво да објасниме кој може да биде брокер. Согласно Законот за хартии од вредност (ЗХВ) во член 112  пропишани се условите кои треба да ги исполнува лицето да се стекне со звањето овластен брокер.Меѓудругото, наведено е дека брокерот треба да е полнолетен, да има положено стручен испит за работење со хартии од вредност (организиран од Комисијата за хартии од вредност-КХВ и мора да има диплома за завршено најмалку четиригодишно средно училиште. Ова последново беше предмет на дискусија при самото отпочнување со работа на Македонската берза и условите кои треба да ги исполни еден кандидат  за да се стекне со ова звање. Инструкторите од Велика Британија беа против овој услов (да има завршено средно образование) со образложение дека за ,,добар трговец,, кој има осет за брзо размислување, реагирање на пазарот на капитал не е потребно средно образование. Сепак стручниот тим од Македонија (еминентни професори од УКИМ и КХВ) успеаја да ги убедат ,,нашите обучувачи,, дека е потребно средно образование за обавување на оваа професија. Ова значи дека брокерите во Македонија се не само со средно образование, меѓу нив има голем број кои се не само дипломирани туку и магистри по економски науки, а има и доктори по економски науки. Во овој дел можам одговорно да тврдам дека едукацијата кај брокерите во РМ  е на многу високо ниво. Но што е со работата која тие ја обавуваат? Дали тука може да ги споредиме брокерот од Македонија и брокерот од Велика британија? За споредба не треба воопшто да се дискутира. Но за разлика од Велика британија на Македонската берза има одредени Правила на тргување кои имаат ценовни ограничувања и не дозволуваат пораст на цената повеќе од 10% дневно. Воедно во Правилата предвидено е налогот за тргување (покрај потписот на клиентот и брокерот) да биде потпишан од директорот на брокерската куќа. Дали ова во целост го почитуваат брокерските куќи во Македонија незнам, но Правилата тоа го налагаат и мора тоа да се почитува, во спротивно следат санкции од регулаторот ( КХВ) и од Македонската берза (како саморегулирачка организација). Дека  брокерот  на Македонската берза е многу лимитиран во поглед на тргувањето на берзата и неможе да се однесува ,,своеволно,, или да исчекува некоја поповолна цена, произлегува и од друга одредба на ЗХВ : ...,,Брокерот не смее непотребно да одложи извршување на налог на клиентот, доколку условите на пазарот на хартии од вредност дозволуваат негово извршување,, (член 115). Доколку  на почетокот на  тргувањето на берзата беше дозволено брокерот да добие и ,,провизија за успешност,, таа е одамна укината. Во вакви услови тие не се стимулирани на клинетот да му купат хартија од вредност по пониска цена , а да му ја продадат по повисока . Или како што велат брокерите „ Ние сме сведени на продавачи во супер маркет кој читаат бар кодови и го ставаат производотво кеса. До ,,бумот,, на Македонската берза (крајот на 2006 година) многу во државава не знаеа што претставува професијата брокер. Во тоа време постоеа 14 брокерски куќи со вкупно 50-тина овластени брокери. Ценовниот бум предизвика голем интерес за оваа професија, следеја нови обуки за брокер. Бројот на брокерски куќи порасна на 29, а бројот на овластени брокери над сто ( максимумот 106). Но тоа кратко траеше. А денска ? Бројот на брокерски куќи се намали на 15, а овластени брокери има 56. Дали нивниот број е доволен? Гледајќи го прометот на берзата и  индексот на берзата веројатно и тоа е голема бројка. Но колкав број е потребен? До кога ке трае ова ,,мртвило,, на берзата? Тоа се прашања за кои не постојат одговори. Секој совесен брокер седи во својата канцеларија и бдее на работната станица не осмелуваки се да даде прогноза за движењето на акциите иако индексите на берзите секаде во светот се вратија речиси на она ниво пред кризата. А кај нас? Вредноста на индексот е помал од 1800 поени а неговата највисока вредност изнесуваше на 10 000 поени. Која е неговата вистинска вредност? Денес се изгледа ефтино, но до кога? Можеби утре ќе биде уште поефтино? Оваа професија е сведена на преживување. Голем број брокерски куќи се затвараат, брокери напуштаат работни места се преквалификуваат во други дејности. Без драстични промени и нови инвестиции ова е дефинитивно професија во одумирање. Ќе опстанат само најмоќните брокерски куќи (како посебни дирекции во банките) кои можат финансиски да го издржат и покријат овој долг период. А колку ќе трае? Ѓорѓи Палевски – Извршен директор на Поштел Брокер

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.