05 Декември, 2025
0.0350

Ревизија на проектот „Скопје 2014“ во Центар: Бронзениот споменик поскап од мермерниот?

Објавено во: Македонија 12 Август, 2013 21:09

Добивај вести на Viber

Ревизијата на проектот „Скопје 2014“ за општина Центар, во која беа вклучени Слаѓана Тасева и Драган Малиновски покажала бројни неправилности. Денеска беа објавени наодите за проектот каде комисијата утврди дека тој бил незаконски спроведен во повеќе сегменти. Направилности имало при склучувањето договори со второ-рангирани автори, спомениците се поставувале без потребната иницијатива, се менувале планови, се преплаќале споменици. Како најпластичен пример беше посочен споменикот на Никола Карев, кој иако бил платен како да е изработен од мермер, сепак бил излиен во бронза и за него биле побарани 10 пати повеќе пари од предвидените. „За Карев во тендерот стои 4 милиони денари за бронза , градоначалникот по 15 дена носи ново решение за 45 мил денари во мермер, но тој е се уште во бронза“, изјави на прес конференцијата Слаѓана Тасева. Во случајот со споменикот на Ченто иако првично требало да се платат 65 илјади евра, крајната сума пораснала над и милион евра. Голем проблем според Комисијата е и тоа што претходниот градоначалник не постапил согласно неговата надлежност за контрола на прописите кои ги носи Советот, а насочувањето на пари за објектите од проектот од централниот на буџетот на општината се законски неоправдани. Ревизијата покажала дека Општината Центар направила и два моста и две фонтани на реката Вардар за чие корито е надлежен само градот Скопје. За нив се дадени над 5 мииони евра. Од Комисијата порачаа дека сите наоди ќе ги предадат на обвинителството. На ваквие наводи реагираше ВМРО – ДПМНЕ. Оттаму соопштија дека ако имало нешто незаконско, веројатно СДСМ и Жерновски на пресот ќе играле оро на чело со Бранко Црвенковски. „Од наши извори во општината знаеме дека комисијата се изнамачила да формира заклучоци кој ќе звучат негативно за проектот, а притоа да нема да има можност оние кои ги искажуваат обвиненијата да бидат тужени за клевета. Ова е само начин опозицијата да најде причина да им плати хонорари на Тасева и Драган Малиновски и на општинска сметка да ја поминат половина година за нивните услуги во јавните настапи критички кон ВМРО-ДПМНЕ, туку пред се затоа што сите проекти во општината се законски и транспарентни“, стои во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите