15 Декември, 2025
0.0301

БРУТО ПЛАТА ОД ИЛЈАДА ЕВРА - странците во зоните сѐ подобро ги плаќаат нашите работници

Објавено во: Економија 09 Декември, 2023 11:53

Добивај вести на Viber

Продолжува растот на бројот на работни места и платите во Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ). Во ноември во компаниите во ТИРЗ бројот на вработени се искачи на 17.926 што е зголемување за 10 отсто во однос на истиот период лани, односно за 29 отсто повеќе од ноември 2021, и за 31 отсто повеќе споредено истиот период во 2020 година, покажува анализата на Дирекцијата на ТИРЗ, а пренесува МИА. 

Согласно податоците во анализата, само од почетокот на годинава во компаниите во ТИРЗ се вработени над 1.600 граѓани. Според првичните податоци просечната бруто плата во компаниите во ТИРЗ надмина 60.000 денари, што двојно повисоко од 2016 година.

Извозот од ТИРЗ во ноември е близу 3,5 милијарди евра и бележи раст во однос на истиот период од минатата година. Компаниите во ТИРЗ од почетокот на годинава заклучно со ноември оствариле увоз од над 2,8 милијарди евра што е за 2 отсто повисоко споредено со истиот период лани. Поради ваквите економски движења, нето извозот заклучно со ноември е во позитива и изнесува 20 отсто што е двојно повеќе споредено со истиот период лани.

Од Дирекцијата очекуваат трендот на раст да продолжи со оглед на тоа што во ТИРЗ од почетокот на годинава се постигнати договори во вредност од 450 милиони евра каде веќе се реализираат дел од планираните 7.500 нови работни места.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети