28 Април, 2024
0.0270

БУЧА И МАРИУПОЛ НИ СЕ ОТВОРЕНА РАНА ВО СРЦЕТО: Украински социолози велат дека поради војната ќе „пукнат“ мешаните бракови

Објавено во: Свет 01 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Во минатото Украинците и Русите не се доживувале како странци, но од 2014 година наваму таа перцепција се менува и по војната која започна на 24 февруари годинава, ништо веќе нема да биде како порано. 

На удар ќе бидат и мешаните бракови случени меѓу припадници на рускиот и украинскиот народ. Украински социолози за Фактор велат дека веќе има конфликти во семејствата и се случува нивно распаѓање, затоа што припадниците на двата народ различно гледаат на војната. Украинците се консолидирани како никогаш досега, и 95 отсто се со став дека Русија им е најголем непријател. 

„Регионите Донецк, Днепропетровск, Луганск, Харков, Одеса, Запорожје и градот Киев традиционално имаат најголем број семејства измешани по националност. Што се однесува до браковите меѓу Украинците и Русите, тие се најчести во пограничните области на северна Украина, делови од пограничните области во рамнините на Украина (вклучувајќи го и регионот Чернихив), териториите на привремено окупираниот Крим и соседните области во северозападниот дел на земјата. Долго време во историјата на Украина, браковите меѓу Украинците и Русите јавноста не ги доживуваше како бракови меѓу странци. Ситуацијата почна да се менува по 2014 година со почетокот на воената агресија од страна на Русија. Можеме да бидеме сведоци на распространети конфликти во таквите семејства поради разликите во ставовите за агресијата на Русија. Семејствата почнаа да се распаѓаат поради различните идеолошки ставови и неподготвеноста на еден од членовите да се пресели од привремено окупираните територии на регионите Луганск и Доњецк. Покрај тоа, има и други проблеми, како што се компликациите од раскинувањето на врската кога еден од партнерите сака да остане во таканаречениот ЛНР, ДНР, бидејќи Украина и светот ги признаваат само документите издадени на територијата на Украина. Со давање вонбрачни пасоши, средства за регистрација на партнерите, всушност се создаваат услови за бигамија, со што се нарушуваат не само правните норми, туку и правата на луѓето - можноста за алиментација за детето, правото за бесплатен развод“, вели  Олена Вилкова, вонреден професор на Факултетот за социологија, при  Националниот универзитет Тарас Шевченко во Киев. 

Таа додава дека ставот кон обичните Руси ќе се промени. Професорката објаснува дека од 2016 година, во Украина е во сила пилот-проектот на Министерството за правда, „Брак за еден ден“. Конкретно, во овој период од 2016 до 2020 година се регистрирани 32.319 бракови со странци. Така, во 2019 година се регистрирани 9.720 бракови со странски државјани, во 2020 година (од 01.10.2020 година) - 5.864. Според статистичките податоци за 2020 година, најчесто во рамките на проектот  „Брак за еден ден“ украинските граѓани склучиле бракови со државјани на Руската Федерација, Република Полска, Сојузна Република Германија. Обично повеќето странци аплицираат за таква услуга во градовите Харков, Днепро и Лавов. 

Огла Безрукова, доктор по социолошки науки, која предава на Универзитетот во Киев, наведува дека откако почна војната, направени се повеќе анкети кои покажуваат дека Украинците имаат негативен став кон Русија, Русите, повеќето ги прекинале односите со нив, и сметаат дека помирување нема да има не со години, туку со децении. Украинското општество покажува отпор кон руската култура воопшто. 

„Целосната инвазија на Русија на територијата на Украина влијаеше на односот на Украинците кон Русија, пријателите, роднините, колегите кои живеат во соседната земја. Но, овие промени само сега се интензивираа, бидејќи започнаа во 2014 година со руската инвазија на Донбас и Крим. Ако зборуваме за емоциите што Русите ги предизвикуваат кај Украинците, тие се следни: повеќето чувствуваат омраза, особено по настаните во Буча и Мариупол. Снимките од овие места го обиколија светот, а за нас тоа е отворена рана во срцето. Втората емоција е гневот, особено поради односот на руската војска (која ги ограби локалните жители во окупираните населби, земајќи сѐ, од апарати за домаќинство до долна облека) и руската влада, која се обидува да ја докаже својата невиност во Украина, префрлајќи ја одговорноста на некои митски нацисти и препишувајќи ги сопствените учебници по историја без да ја спомнуваат украинската држава, Киевска Русија. Третото е отфрлање, кое нема никаква врска со „соседите на Русија“. Украинците се префрлаат на украинскиот како главен јазик за комуникација, не сакаат да гледаат руски филмови и да читаат книги од руски автори. Исто така, мнозинството од населението во земјата (86%) чувствува кохезија, единство во сопствената земја. Многу Украинци ги прекинаа врските со роднините и пријателите во Русија, особено со оние кои не се јавија или не нѐ поддржаа во првите денови од војната. Целосната руска инвазија беше главна причина за стрес за Украинците, главно поради загриженоста за безбедноста на најблиските и свесноста за ризикот од смрт за време на непријателствата“, раскажува Безрукова. 

Според резултатите од анкетата на Социолошката група „Рејтинг“ од 6 април 2022 година, бројот на оние кои веруваат дека е невозможно да се обноват пријателските односи меѓу Украинците и Русите е еден ипол пати поголем (од 42% на 64%). 22% веруваат дека тоа би можело да се случи за најмалку 20-30 години. Околу 10% гледаат такво помирување во иднина до 15 години. Дури и во јужните и источните региони кои граничат со Русија, повеќе од половина од анкетираните не веруваат во обновување на пријателството меѓу народите. 81% ја поддржуваат идејата за зголемување на даноците за украинските бизниси кои продолжуваат да работат во Русија. 76% ја поддржуваат иницијативата за преименување на улици и други објекти именувани по Русија. 

За споредба, студијата на Меѓународниот институт за социологија во Киев, покажала дека 90% од Украинците до 2013 година имале позитивен став кон Русите.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ВИЛИЈАМ ЌЕ СТАНЕ КРАЛ, А КЕЈТ КРАЛИЦА - што ќе се случи со Камила во случај на смрт на Чарлс

ВИЛИЈАМ ЌЕ СТАНЕ КРАЛ, А КЕЈТ КРАЛИЦА - што ќе се случи со Камила во случај на смрт на Чарлс

ДАЛИ СЕ РАЃА НОВА НАДЕЖ ВО БОРБАТА СО РАКОТ: Започнуваат клиничките испитувања во фаза 3, британците тестираат вакцини за меланом

ДАЛИ СЕ РАЃА НОВА НАДЕЖ ВО БОРБАТА СО РАКОТ: Започнуваат клиничките испитувања во фаза 3, британците тестираат вакцини за меланом

БАКИНГЕМСКАТА ПАЛАТА ИЗЛЕЗЕ СО ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Еве кога и дали воопшто ќе се врати на должностите

БАКИНГЕМСКАТА ПАЛАТА ИЗЛЕЗЕ СО ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Еве кога и дали воопшто ќе се врати на должностите

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ОБЈАВЕНА ГОЛЕМА АНАЛИЗА КОЈА ЈА ПОКАЖУВА ГОРКАТА ВИСТИНА: Најмногу отрови се пронајдени во овие овошја и зеленчуци

ОБЈАВЕНА ГОЛЕМА АНАЛИЗА КОЈА ЈА ПОКАЖУВА ГОРКАТА ВИСТИНА: Најмногу отрови се пронајдени во овие овошја и зеленчуци

ОВА Е ЧОВЕКОТ КОЈ ЈА ЧУВА „ВРАТАТА“ НА АРАПИТЕ: Тежи 1,5 трилиони долари, никој не може да го сретне, ниту 10 минути

ОВА Е ЧОВЕКОТ КОЈ ЈА ЧУВА „ВРАТАТА“ НА АРАПИТЕ: Тежи 1,5 трилиони долари, никој не може да го сретне, ниту 10 минути

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА, ВОЗОВИ ЛЕТАА ОД ШИНИТЕ: Десетици торнада ги погодија САД

КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА, ВОЗОВИ ЛЕТАА ОД ШИНИТЕ: Десетици торнада ги погодија САД

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец