22 Септември, 2023
0.0233

Буданов откри до кога Русија може да издржи да војува

Објавено во: Свет 18 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Нема да има „победничка парада“ ни во Москва ни во Киев, вели шефот на украинското разузнавање, Кирило Буданов.

Toj рече дека додека Украина добива западно оружје, нема да биде поразена од Русија – но ниту една страна нема да може да постигне целосна победа.

Во интервјуто за Економист објавено во неделата, Кирило Буданов ја отфрли идејата дека воената помош за Киев од страна на САД и нивните сојузници ќе престане од неопходност.

„Магацините на Запад не се целосно празни. Без разлика што некој ќе каже. Ова можеме многу јасно да го видиме како разузнавачка агенција“, изјави Буданов.

За разлика од Русија, Украина во голема мера се потпира на странска поддршка, призна тој, истовремено тврдејќи дека ресурсите на Москва веќе се намалуваат. Буданов кажа дека руската економија може да издржи само до 2025 година, а протокот на оружје ќе заврши до следната година. 

„Ние разбираме дека нема да ја завршиме војната со победничка парада во Москва. Но, ниту Москва никогаш не треба да се надева дека ќе го одржи во Киев“, рече тој.

Шефот на военото разузнување тврди дека има „нула“ цивилни жртви во Русија од „неговите сили“ благодарение на намерната одлука донесена од Киев. Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари. Украина не планира да прави компромис за територии со Русија. Украина неодамна го гаѓаше Крим, уништи руски бродови, а редовно напади со дронови има на руска територија. 

Од денес, Меѓународниот суд на правдата во Хаг ги сослушува аргументите на Украина и Русија за можно кршење на Конвенцијата за геноцид.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Кадиров: Не ми е јасно зошто би имало гужва дури и во случај на моја болест?

(ВИДЕО) Кадиров: Не ми е јасно зошто би имало гужва дури и во случај на моја болест?

Азербејџан му се извини на Путин за убиството на руските војници во Нагорно - Карабах, нудат уште нешто

Азербејџан му се извини на Путин за убиството на руските војници во Нагорно - Карабах, нудат уште нешто

ПРВ ИЗВЕШТАЈ НА СЗО ЗА ВИСОКИОТ КРВЕН ПРИТИСОК: Правилен третман на хипертензијата може да спречи 76 милиони смртни случаи

ПРВ ИЗВЕШТАЈ НА СЗО ЗА ВИСОКИОТ КРВЕН ПРИТИСОК: Правилен третман на хипертензијата може да спречи 76 милиони смртни случаи

ДАЛИ Е ОВА ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ НА ЗЕЛЕНСКИ? Слабее западната поддршка за Украина

ДАЛИ Е ОВА ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ НА ЗЕЛЕНСКИ? Слабее западната поддршка за Украина

ШОК ЗА ЗЕЛЕНСКИ, ДОБРА ВЕСТ ЗА ПУТИН: Најголемиот сојузник на Киев престанува со поддршката, еве што направи „драмата со житото“

ШОК ЗА ЗЕЛЕНСКИ, ДОБРА ВЕСТ ЗА ПУТИН: Најголемиот сојузник на Киев престанува со поддршката, еве што направи „драмата со житото“

Загинаа руски војници во Нагорно - Карабах

Загинаа руски војници во Нагорно - Карабах

(ВИДЕО) Изгоре складиште со гориво во Сочи по напад со дрон

(ВИДЕО) Изгоре складиште со гориво во Сочи по напад со дрон

„ВРИЕ“ ВО ЛИБИЈА ПОРАДИ ПОПЛАВИТЕ: Либијците ја запалија куќата на градоначалникот на Дерна

„ВРИЕ“ ВО ЛИБИЈА ПОРАДИ ПОПЛАВИТЕ: Либијците ја запалија куќата на градоначалникот на Дерна

Ким Џонг Ун конечно се врати од Русија по денови патување со оклопниот воз

Ким Џонг Ун конечно се врати од Русија по денови патување со оклопниот воз