19 Декември, 2025
0.0424

БУЏЕТСКИ ПРИХОДИ: Кризата зема данок

Објавено во: Економија 29 Јуни, 2016 08:45

Добивај вести на Viber

Во мај годинава буџетските приходи се пониски за близу 24 милиони евра во однос на април, говорат податоците на Секторот за трезор во Финансии. Тоа говори дека политичката криза си го зема својот данок, па така се намалуваат и приходите во буџетот.

Тоа беше причина за ребалансот на буџетот кој го најави новиот министер Миноски.

Буџетските приходи со ребалансот се намалени за 48,7 милиони евра, а буџетските расходи за 13 милиони евра. Со ребалансот на Буџетот, дел од агенциите и државните институции останаа со ист буџет, кај дел има кратење но кај дел од министерствата има раст на расходите. Со новиот Буџет ќе има повеќе пари за социјални транфери, плати и надоместоци додека најзначајно е кратењето на капиталните расходи за 45 милони евра.

„Господинот Миноски треба да го види  вистинскиот ребаланс и да знае дека во парламентот ќе предложи кратење на капиталните расходи за 45 милиони евра. Тоа е единствената вистина. Тоа е намалување од 10% од сумата која Ставрески ја планирал во буџетот за 2016 година. Овие средства се префрлаат во ставките за тековни трошоци и Миноски дури и наивно треба да се запраша зошто се потребни нови 18 милони евра за пензии и зошто не биле планирани со буџетот за 2016, ако зголемувањето е најавено од минатата година. Зошто се потребни нови 7,7 милиони евра за плати и придонеси? Зошто се зголемува ставката за камати по кредити за 18% или за 17,3 милиони евра? Зошто се зголемени патните и дневните расходи за 244.000 евра и сега се предвидени 15,5 милиони евра или 42,5 илјади евра дневно за патни трошоци и дневници доколку се работи 365 дена во годината, напиша во колумна за Фактор Кире Наумов од СДСМ.

Миноски: Ребалансот ќе биде одговор на ефектите од политичката криза

Најголемо кратење на трошоците се прави кај сумата предвидена за капиталните инвестиции. Со ребалансот на буџетот за оваа намена се предвидуваат  45 милиони евра помалку. Односно наместо првично предвидените 412 милиони евра, сега за капитални проекти  предвидени се 366, 9 милиони евра.

Намалување за 13,9 милиони евра има и кај износот за субвенции и трансфери, за што сега се планирани 224 милиони евра. За 1,7 милиони евра се намалуваат трансферите до општините, и за оваа намена сега се предвидени 271 милиони евра.

Но, истовремено се зголемуваат сумите предвидени за социјални трансфери и плати и надоместоци. Па така, за годинава со ребалансот се предвидуваат, 27,4 милиони евра повеќе за социјални трансфери, односно нивниот износ е планиран на сума од 1,454 милијарди евра.

Сумата за плати и надоместоци се зголемува за 7,65 милиони евра, и за оваа намена сега се планирани  да се потрошат 431 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра