05 Декември, 2025
0.4252

Буџетскиот дефицит на Грција се искачи на 10 % од БДП

Објавено во: Балкан 12 Април, 2013 10:45

Добивај вести на Viber

Грчкиот буџетски дефицит се искачи на 10 проценти од БДП во 2012 година, поради државната помош за загрозените банки во износ од осум милијарди евра. Грчкото министерство за финансии, сепак, посочи дека оваа помош за банките нема да влијае на пресметувањето на буџетот во рамките на програмата договорена со ЕУ и Меѓународниот монетаен фонд, и дека без оваа помош, Грција ја исполнила целта за дефицитот која ја поставија грчките кредитори, пренесува Франс Прес. -Методологијата на Еуростат тоа го вклучува во дефицитот, но според условите од програмата за закрепнување на грчката економија, тоа нема да влијае на дефцитот“, изјавија од грчкото министерство за финансии. „Според прелиминарните податоци, буџетот за 2012 година изнесува 19,4 милијарди евра (10 проценти од БДП), се вели во соопштението на агенцијата за статистика. -Вкупната помош за финансиските институции во 2012 година изнесуваше 7,734 милијарди евра“, се додава во соопштението. Кога ќе се одземе помошта која им беше дадена на банките, грчкиот буџетски дефицит во 2012 година беше под целното ниво, односно 6 проценти од БДП, додава агенцијата. Грција минатата година беше принудена да ја затвори државната земјоделска банка АТЕ, со цел да се избегне нејзиното пропаѓање. Дури и некои големи грчки банки беа силно погодени од отписот на грчкиот долг, што беше услов на кој инсистираа ЕУ, ММФ и ЕЦБ во замена за испраќање помош.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии