24 Мај, 2024
0.0272

Буџетскиот дефицит се зголемува побрзо од плановите на Владата!

Објавено во: Економија 17 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Во првите два месеци од годинава Владата потрошила една четвртина од планираниот буџетски дефицит. Ако продолжи со трошењето со иста  динамика, тогаш 2015 година ќе ја заврши со 130 милиони евра буџетски дефицит што би било 4.94% од БДП, оценуваат од Центарот за економски анализи во последниот извештај. „При тоа, во оваа оценка од 130 милиони евра не се земени во предвид и најавените ад хок решенија кои владата ги најави изминатите денови, а тоа се 100% обесштетување од проценките на штетите од временските непогоди, зголемување на платите на вработени во МВР, таблети за студенти, 5 процентни поени зголемување на социјалната помош на корисниците“, анализраат од ЦЕА. Дополнително, од ЦЕА анализиараат дека Владата во изминатите години постојано ги пробива планираните буџетски дефицити. „Изминатите години, актуелниот буџетски дефицит секогаш ја надминува рамката на она што било планирано, а тоа е продлабочување на буџетскиот дефицит, а нормално секој буџетски дефицит значи за толку зголемување на јавниот долг“ , вели Марјан Николов од ЦЕА. Еве како изгледале планираните и остварените буџетски дефицити во изминатите години.. defic На сликата се остварените буџетски дефицити (задебелена линија) и планираните тригодишни буџетски дефицити според ПЕП на владата Дополнително од ЦЕА, објаснуваат дека секое натамошно надворешно задолжување треба да бидат строго наменски, не за сите буџетски намени и со условувања од меѓународните финансиси институции. „Владата треба под итно да ги консолидира јавните финансии и за да не го загрози растот на економијата да открие фискален простор со барем ставање под мраз на сите ад-хок решенија. Ова е важно бидејќи сме свесни дека политичката сензитивност и тежина на „земјата со најниски даноци“ секако нема да донесе зголемување на даноците преку даночни политики туку очекуваме луцидни зголемувања на даночна база, казни и квази-фискални оптоварувања како што беа неколкуте измени на “законите за придонеси за хонорарите“. Овие политики само водат кон правна несигурност и недоверба во јавниот финансиски систем на Републиката“, се вели во извештајот. Загрижува и трендот според кој од 2008 година до 2014 година се намалуваат покриеноста на јавниот долг со даночни приходи. „Ова е еден алтернативен начин да се следи одржливоста на јавниот долг, покрај оној начин на кој сме навикнати, а тоа е јавен долг како процет од БДП.  Со овој овој алтернативен начин, даночните приходи како процент од јавен долг, се гледа - на пример за 100 денари јавен долг колку даночни приходи сме имале во соодветната година. И тој индикатор во Македонија од 2008 година е во пад, и од 80 % даночни приходи врз јавен долг сега е намален на 35 %, вели Марјан Николов од ЦЕА. defic1 Николов објаснува дека даночните приходи се изворните приходи на државата за да може таа да ги остварува своите функции. Тоа е рефлексија на вкупната економија. Односно, дава слика за здравоста на македонската економија, и тие даночни приходи ги споредите со јавниот долг, има простор за голема загриженост на трендот од кој јасно се гледа дека од 2008 година има намалување намалуваат покриеноста на јавниот долг со даночни приходи.

Можеби ќе ве интересира

Бислимовски: Работиме на воведување уште еден час евтина тарифа на струја

Бислимовски: Работиме на воведување уште еден час евтина тарифа на струја

ЌЕ СТАПИ НА СИЛА КОНТРОВЕРЗEН ЗАКОН: Eвропа трупа залихи кафе

ЌЕ СТАПИ НА СИЛА КОНТРОВЕРЗEН ЗАКОН: Eвропа трупа залихи кафе

КОГА НА 12 ГОДИНИ ОТИШОЛ ВО АМЕРИКА, ПРОДАВАЛ ВЕСНИЦИ, А ЕВЕ КАКО СЕ ЗБОГАТИЛ - новиот поткаст на Фактор за Митре и Софи Кутановски

КОГА НА 12 ГОДИНИ ОТИШОЛ ВО АМЕРИКА, ПРОДАВАЛ ВЕСНИЦИ, А ЕВЕ КАКО СЕ ЗБОГАТИЛ - новиот поткаст на Фактор за Митре и Софи Кутановски

ПО ИНТЕНЗИВНИОТ РАСТ НА ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО - ПРЕСВРТ: паднаа и цените на пченицата и нафтата

ПО ИНТЕНЗИВНИОТ РАСТ НА ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО - ПРЕСВРТ: паднаа и цените на пченицата и нафтата

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Најголемите остварени добивки во Тетово се од продажба и издавање на недвижнини

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Најголемите остварени добивки во Тетово се од продажба и издавање на недвижнини

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои три професии носат најмногу пари?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои три професии носат најмногу пари?

СРБИТЕ ЗА ОВАА РАБОТА ДОБИВААТ 1.100 ЕВРА: Романците заработуваат 4.000 евра

СРБИТЕ ЗА ОВАА РАБОТА ДОБИВААТ 1.100 ЕВРА: Романците заработуваат 4.000 евра

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: „Мега“, „Рапид Билд“, „Термалифт“ - Кумановски бизниси со најголеми добивки за 2023

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: „Мега“, „Рапид Билд“, „Термалифт“ - Кумановски бизниси со најголеми добивки за 2023

ОВОЈ СЕКТОР ВО ГЕРМАНИЈА ПОВТОРНО „ПУКА“ - прометот пак се намали, дали следи нов бран на стечаи?

ОВОЈ СЕКТОР ВО ГЕРМАНИЈА ПОВТОРНО „ПУКА“ - прометот пак се намали, дали следи нов бран на стечаи?