ФАКТОР ИСТРАЖУВА: „Мега“, „Рапид Билд“, „Термалифт“ - Кумановски бизниси со најголеми добивки за 2023
Објавено во: Економија 22 Мај, 2024 12:59
Оливер Бојковски е бизнисменот чија компанија направи најголема добивка од сите останати во Куманово во 2023. „Мега Доо“ е друштво за изградба на станови и транспорт, а го поседува и малиот „Мега-Мол“ во скопско Ново Лисиче. Компанијата тргува и со градежен материјал и ималa 52 вработени до крајот на минатата година. Има раст на добивката од 24 отсто.
Во Топ-10 добивки во Куманово влегуваат и Бучен Козјак и Екстра Меин од млечната, односно сувомесната индустрија. Стандардно тука е и Рапид Билд, компанијата на Тони и Дејан Каранфиловски, за изградба на инфраструктура и станбени згради.
Во високата петорка оваа година е Јуниор-ПВЦ на Митко и Елена Николовски за продажба на опрема, уреди и цевки поврзани со водовод и парно греење. По нив е Термалифт ДД, на Драган, Фросина и Филип Дамјановски, за производство и продажба на дигалки и вилушкари.
Потоа доаѓа „Меркатан“, фирма со 30 вработени, каде доминатен сопственик е Боба Милиќ. За оваа фирма не можат да се извлечат многу информации, освен тоа што приоритетна дејност е „останати стручни, научни и технички дејности“.
Последните три во Топ-10 се Хромак за продажба на материјали и машини за малтерисување, Балканија ММ за санитарија и покуќнина и Алфи Би Компани, фирмата која ги поседува техноцентрите во Скопје и Куманово за продажба на домаќински апарати, опрема и реквизити. А.К.

Извор: Централен регистар
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




