05 Мај, 2024
0.0231

Буџет 2014: замрзнати вработувања – одмрзнати плати и пензии!

Објавено во: Анализа 23 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Вработувањата во администрацијата остануваат замрзнати – но не и платите. Повеќе пари за стоки и услуги. Зголемување на ставката за камати,  поголеми домашни задолжувања, а намалување на странските. Во новите буџетски позиции се најдоа и претстојните претседателски избори. Буџетски приходи од 2,5 милијарди евра  Со проекција за економски раст од 3,2 отсто, Владата до година планира да обезбеди повиски буџетски приходи по сите основи во однос на оваа 2013 та година. Приливи од даноци и придонеси според владата се очекувани поради оптмистичките проекции за заживување на вкупната економија. Според предложената буџетска верзија, Владата не планира зголемување на даноците.
„Приходите на консолидираниот Буџет за 2014 година се проектирани во услови на задржување на ниски и непроменети даночни стапки, за разлика од голем број европски земји кои консолидацијата на јавните финансии ја реализираат преку зголемување на оданочувањето.“ – пишува во Буџетот.
Според проектираните буџетски, еве колку пари од што планира да ги обезбеди вкупните приходи, поголеми за 7 отсто во споредба со годинава : Во однос на годинава, по основ на даночни приходи и придонеси, државата планира да собере 135 милиони евра повеќе во 2014 та година. Кај неданочните приходи, проекциите се поголеми за околу 19 милиони евра. Растот од 3,2 отсто догодина, Владата го темели на очекувањата за закрепнување на глобалната економија, ефект кој треба да одрази и во домашната. Така, Владата предвидува раст на индустриското производство од 3,8 отсто, градежништвото, стапка на раст од 5%. Оптмистички проекции за раст и во другите сектори, кај земјоделството стапката е проектирана на 3%, а кај услужните дејности 2,9%. Буџетски расходи од 2,9 милијарди евра На расходната страна, Владата планира да го троши до сега најголемиот Буџет од скоро 2,9 милијарди евра. Во предложениот Буџет таа посочува дека догодина и натаму ќе продолжи политиката за поддршка на најранливите категории на граѓани – пензионерите и социјалните случаи, за кои предвидува раст на пензиите и на социјалните надоместоци. Најавата за повиски плати на администрацијата ја зголеми и ставката за плати. Еве колку пари и за што ќе се трошат со новиот Буџет : Во новиот Буџет Владата пишува дека ќе продложи со политиката на дисциплинирано трошење. Токму кај ставката „Стоки и услуги“ и догодина е планиран раст на расходите, повеќе во однос на годинава за 20 милиони евра.
„Ќе се продолжи со определбата за спроведување на дисциплинирана буџетска потрошувачка, при што особено внимание ќе се посвети на рестриктивност и ригорозна контрола на помалку продуктивните трошоци за сметка на зголемување на инвестициите за капитални проекти во насока на директна поддршка на стопанството.  “ – пишува во Буџетот за 2014 та година.
И претседателските избори го најдоа своето место во Буџетот за 2014 та година.
„Расходите за стоки и услуги се проктирани на износ од 18.695 милиони денари, со што ќе се обезбеди редовно и непречено подмирување на тековните обврските на буџетските корисници, финансирање на претседателските избори и значително зголемување на здравствените програми. Во текот на 2014 година ќе продолжи определбата за спроведување на рестриктивна буџетска потрошувачка во делот на помалку продуктивните расходи.“ – пишува креаторот на буџетската 2014 та.
Тековните буџетски раходи поради повисоките пензии, плати, социјални надмесоци и субвенции во однос на годинава се зголемуваат за 4,8 отсто. Вработувањата во јавната администрација – остануваат замрзнати, но ставката се зголемува поради најавеното октомвриско покачување. Растот на Бруто Инвестициите се очекува да изнесува 7,5 проценти.
„Овие очекувања се засноваат на постепен пораст на  приватните инвестиции придвижени главно од СДИ и на зголемувањето на буџетските капитални расходи.“ – стои во новиот Буџет. Задолжувања
Со буџетски дефицит пректиран на 3,5 отсто од Бруто Домашниот произод, Владата до година планира минус во државната каса во апсолутна бројка од 300 милиони евра. Министерот за финасии Зоран Ставрески најави дека дефицитот ќе се финансира комбинирано, од домашни и странски извори. Дополнително ќе се утврдуваат условите за евентуално издавање на нова Еврообврзница. На домашен терен, Владата ќе оди на издавање на подолгорочни хартии од вредност.
„Финансиските средства за проектираниот дефицит од 3,5% и отплатата на долговите кон странство ќе се обезбедат од странски извори (поволни кредити од меѓународни финансиски институции, кредит од комерцијални банки гарантиран од Светска банка и кредитни линии наменети за финансирање на одделни проекти), како и од домашни извори (емисии на државни хартии од вредност).“ – пишува во Буџетот.
Во однос на задолжувањето на домашниот пазар, владата планира во наредниот период да ја зголеми рочноста на издадените хартии од вредност, кои би се замениле со државни обврзници на 2, 3 и 5 годишни со цел, како што пишува во Буџетот, оптимизација на исплатите. Редакција Фактор Преземање на содржините од Фактор е возможно само со претходна согласност од редакцијата

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад