30 Јуни, 2024
0.0381

Буџет: Изградбата на Скопје 2014 привршува, в година 30 милиони евра за оваа намена!

Објавено во: Македонија 24 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Реализацијата на ‘Проектот Скопје 2014” е веќе при крај, а тоа се гледа и од новиот Предлог Буџет за следната година, во кој значително е  намалена сумата наменета за овој проект. Пари за Скопје 2014 во новиот буџет се обезбедени само за објектите кои се во фаза на изградба. Според Предлог Буџетот за 2014 година, Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, преку која се спроведува проектот Скопје 2014,  за следната година само за таа намена има на располагање 30,4 милиони евра. Од нив околу 97 илјади евра ќе се потрошат за реконструкција на згради на владини органи, околу 30,3 милиони евра за изградба и реконструкција на административни згради на државни органи. Што остана недоизградено од Скопје 2014? Темелите за новата зграда на Министерството за финасии се удрија во 2011 година, но од тогаш до сега изградбата не почна. Во Предлог Буџетот за 2014 година за оваа намена се идзвоени 12,2 милиони евра. -Во рамките на оваа потпрограма се опфатени активностите во врска со градежните работи кои ќе се извршуваат на објектот Банка за надворешна трговија, која е во сопственост на Министерството за финансии. Со доизградбата на објектот ќе се овозможи просторно сместување на Министерството за финансии во сопствен објект, како би се надминал проблемот на просторна оддалеченост на дисперзираните сектори на Министерството за финансии, чие моментално сместување е во различни деловни објекти, стои во образложението во Предлог Буџетот. Во тек на изградба е и новата зграда на Министерството за транспорт и врски. За него со новиот буџет се предвидени речиси 3 милиони евра за 2014 година и близу 1,5 милиони евра за 2015 година. Во образложението во Предлог Буџетот, за изградбата на новата зграда на транспорт стои : Проектот Надградба и реконструкција на управна зграда опфаќа изработка на идејно решение на објектот, изработка на проектна документација на ниво на идеен, основен и изведбен проект и негова ревизија, како и спроведување на активности за надградба и реконструкција на самиот објект и стручен надзор над истите. Сеуште не почнала реконструкцијата на плоштадот Македонија, каде што е предвидено поплочување со нова калдрма како и фонатана на површинско ниво со 128 прскалки,  кои ќе се употребуваат само во летниот период. Засега не е позната вредноста на инвестицијата. Но 2/3 од парите ќе ги обезбеди Владата на Република Македонија а 1/3 ќе бидат од буџетот на Град Скопје. Како дел од проектот Скопје 2014 се шпанските скали заедно со комерцијално-деловен објект, исто така на плоштадот Македонија. Досега еден тендер за продажба на парцелата пропадна, па Министерството за транспорт и врски објави нов. Најповолниот понудувач ќе треба да го изработи основниот проект за новиот објект врз основа на изработеното идејно решение за фасадно обликување од страна на Министерството за транспорт и врски. Пред да почне изградбата основниот проект во „барокен“ стил ќе треба да го одобри посебна Комисија од надлежното министерство која ќе оценува дали тој се влегува во ликот на „Скопје 2014“.Според урбанистичкиот план „Мал Ринг“, објектот има површина од 3.780 метри квадратни иако од општина Центар најавија ревизија на ДУП-от. Допрва треба да почнат да се градат административните згради кај хотелот Бристол. Иако следната година Министерството за култура ќе има поголем буџет, сепак мал дел од буџетските расходи бидејќи проектот завршува, се наменети за Скопје 2014. Ако годинава буџетот за Министерство за култура изнесувал 5,9 милиони евра, следната година изнесува околу 6,4 милиони евра. Околу 3,2 милиони евра од буџетските расходи на министерството се наменети за доизградба на обејктот на Македонската филхармонија. Досега за Филхармонијата се потрошени  7.410.130 евра. И следната година повторно се предвидени пари за Стариот театар и тоа околу 6,5 милиони евра. Ако се соберат и преходните сума, овој објект е убедливо најскапиот од Скопје 2014. Од почетните 2,5 милиони евра, со сите анекси договори досега сумата стигна до околу 37 милиони евра. Најмногу пари за Скопје 2014 се одлеале во 2011 година Анализирано по години, најмногу пари од државната каса за Прокетот Скопје 2014 година се одлеале во 2011 година. Според владините пресметки, кои во отчетот пред неколку месеци ги изнесоа екс-градоначалник на Центар,  Владимир Тодоровиќ, министерката за култура Елизабета Канческа -Милевска и директорот на службата за општи и заеднички работи на Владата, Васе Доневски,  во 2008 година кога почна проект, државата ја чинел 0,5 отсто, 0,76 отсто се одвоиле од буџетот следната година, во 2010 година 1,1 отсто, најмногу 2,2 отсто се одвоиле во 2011 година, лани 1,6 отсто, а 1,5 отсто го чинел годинешниот буџет. Тогаш и јавно се обелодени дека првичните предвидени 80 милиони евра за проектот се надминаа и достигнаа 208  милиони евра. Но и тоа не е конечна сума бидејќи уште се работи на проектот. Министерката Канческа- Милевска тогаш изјави дека цената била тројно поголема од предвиденото, поради фактот што дел од објектите воопшто не биле ставени во првичниот план, туку подоцна било решено тие да се градат. Проектот кој важи за еден од најконтроверзните, чија што реализација ќе биде готова следната година, за Владата е исплатлива инвестиција, а за експертите и опозицијата незаконско трошење на народни пари. Сегашниот градоначалник на општина Центар Андреј Жерновски пред еден месец,  до Основното јавно обвинителство го достави првиот дел од ревизијата на  документите поврзани со проектот „Скопје 2014“. Во анализата изработена од професор д-р Слаѓана Тасева и Драган Малиновски, тие  констатираа низа незаконитости во однос на објавата на тендерите, незаконско трошење на пари и изградба на меморијални споменици, нереални и зголемувани суми за споменици. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

„Како е можно ниеден функционер на ДУИ цели 20 години да не е обвинет и осуден за криминал и корупција“: Хајредини распали по интегративците

„Како е можно ниеден функционер на ДУИ цели 20 години да не е обвинет и осуден за криминал и корупција“: Хајредини распали по интегративците

НЕМА ПРЕДАТОРИ, ИМА ДОВОЛНО ХРАНА И МИРЕН ЖИВОТ: Се зголемува бројот на штркови во Стојаково

НЕМА ПРЕДАТОРИ, ИМА ДОВОЛНО ХРАНА И МИРЕН ЖИВОТ: Се зголемува бројот на штркови во Стојаково

Загина планинар: Паднал во провалија, со хеликоптер на ЦУК бил пренесен во болница

Загина планинар: Паднал во провалија, со хеликоптер на ЦУК бил пренесен во болница

Мицкоски: „Борбата против корупцијата е главен приоритет на Владата“

Мицкоски: „Борбата против корупцијата е главен приоритет на Владата“

На еден ден пред внатрепартиските избори Славјанка Петровска се откажа од кандидатурата: Причината ја кажа пред сите

На еден ден пред внатрепартиските избори Славјанка Петровска се откажа од кандидатурата: Причината ја кажа пред сите

НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈА УТРЕ НА ВНАТРЕПАРТИСКИ ИЗБОРИ: Се бира меѓу четворица кандидати

НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈА УТРЕ НА ВНАТРЕПАРТИСКИ ИЗБОРИ: Се бира меѓу четворица кандидати

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата