19 Декември, 2025
0.0527

Буџет: Минимален суфицит, пад на приходите од ДДВ

Објавено во: Економија 24 Мај, 2013 12:30

Добивај вести на Viber

Буџетската каса во април прикажа минимален буџетски суфицит од 2,8 милиони евра, откако три месеци по ред, во предизборие беа потрошени скоро две третини од буџетскиот дефицит.

Според најновите податоци на Министерството за финасии, во април вкупните буџетски приходи изнесуваат 237,9 милиони евра и се на нависоко ниво од почетокот на годинaва. Во однос на март, е регистриран пораст кај приходите од речси сите даноци и придонеси, освен кај Данокот на додадена вредност, со остварен приход од 55,5 милиони евра. Во исто време, во буџетот се слеани повеќе пари од акциза, персонален данок, данок на добивка и придонеси по основ на врабтување и на здравствено осигурување. На страната на буџетските расходи во април се реализирани 235,1 милион евра и во однос на март има намалување на трошењата.

Во структурата на буџетските трошоци пораст има кај ставките за плати, стоки и услуги,  и каматни плаќања, додека намалување на трошењата има кај ставката за трансфери која во април изнесува 144 милиони евра.

Пред да се објават официјалните податоци за буџетските позиции во април, министерот за финансии Зоран Ставревски најави дека буџетот е со суфицит, додека првиот цариник Крагов објави дека приходите од акцизи и од други царински давачки се зголемени за околу 10 отсто. Во исто време и директорот на УЈП Горан Трајковски објави дека има раст на даночните приходи за два до три проценти, освен кај Данкот на Додадена Вредност.

 

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар