29 Септември, 2024
0.0238

БУЏЕТ ПО МИНИСТЕРСТВА: Диме Спасов менаџира најголеми пари во земјата!

Објавено во: Анализа, Економија 17 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов догодина на располагање ќе има 555 милиони евра. Исто колку што имаше и годинава. Иако најмлад министер, тој раководи со најбогатото министерство веќе втора година. „ Во буџетот на ова министерство предвидени се 3,9 милиони евра за поттикнување на вработувањето. Спасов ќе има 455 илјади евра за изградба и опремување на детски градинки и одмаралишта и 218 илјади евра за изградба и доопремување на центри за социјална заштита“. Министерот за образование, Абдулаќим Адеми е втор на листата со најмногу пари во министерската каса. Односно ќе менаџира со 365 милиони евра. „Најмногу пари или 5,9 милиони евра се предвидени за опремување на лабаротории. За изградба на основите училишта предвидени се 2,3 милиони евра и уште 490 илјади евра за реконструкција на основни училишта. Потоа, предвидени се 3,3 милиони евра за изгрдба на спортски сали, а половината од нив се од заеми. За изгрдба на средни училишта се планираат 650 илјади евра и уште 406 илјади евра за реконструкција. Додека за изградба на спортски сали во средни училишта се планираат 837 илјади евра. За реконструкција на ученички домови 42 илјади евра., а за реконструкција и изгрдба на студенстки домови 752 илјади евра. Догодина ќе се потрошат и 1,5 милиони евра за преводи на книги“ Следната година министерката за внатрешни, Гордана Јанкуловска ќе располага со 155,6 милиони евра. „За реформи во полицијата ќе се потрошат 9,4 милиони евра, а додека околу 490 илјади евра ќе бидат наменети за реконструкција на згради и објекти за подобрување на условите за работа на вработените во МВР“, пишува во развојниот дел на предлог-Буџетот за следната година. Министерот за здравство, Никола Тодоров, следната година на располагање ќе има 96,3 милиони евра. „За реконструкција и доизградба на објектите во јавното здравство предвидени се 4,4 милиони евра. Од нив, само 1 милион евра се од буџетот, а остатите пари - половината се од самофинансирачки активности, а половината од заеми. Потоа, 6,9 милиони евра се планирани за набавка на медицинска опрема, 6 милиони евра за ПЕТ Центар. За нов клинички центар во Скопје и Штип се планирани 4,5 милиони евра, 700 илјади евра ќе се потрошат за изградба на дијагнистички центар во болницата во Тетово и 33 илјади евра за амбуланти во руралните подрачја. И следната година се планирани 1,2 милиони евра за имлементација на здравстена картичка“ Министерот за одбрана Зоран Јолески, годинава на располагање ќе има 92 милиони евра. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, догодина ќе има на располагање 53,8 милиони евра. Јанакиески и годинава ќе троши пари за изградба на новата барокна зграда за министерството, за што се планирани 2,8 милиони евра. „ За инвестиции во железничката инфраструктрура предвидени се 25,6 милиони евра и при тоа 19 милиони евра се заеми. За гасификација се планираат 4,2 милиони евра, од кои 2 милиони евра се заем. Потоа со заем од 3,2 милиони евра е предвидена изградба на социјални станови. За водоснабдување и одведување на отпадни води, се планирани 5 милиони евра, а при тоа најголемиот дел од парите или 4 милиони евра се заем од Европска Инвестициона Банка (ЕИБ). Исто така за вододовод и канализација во општините се планирани 1,5 милиони евра, но најголемиот дел од овие пари или еден милион евра се предвидени да бидат од заеми. Потао за водовод од Патишка река до Сопиште се предвидени 717 илјади евра. Скоро 1 милион евра ќе се трошат за туристички развојни зони. А, за изгрдба на пешачки патеки во Дојран, Велес, Маврово-Ростуше, Крушево и Берово предвидени се 350 илјади евра и уште 415 илјади евра за плажи во Дојран и Преспа.“ Чуварот на државната каса, Зоран Ставрески догодина ќе има на располагање 23,7 милиони евра. Кај министерот за надворешни работи, Никола Поповски, за следната година планирано е буџетот на ова министерство да тежи 18,7 милиони евра.   Министерот за земјоделие, Михаил Цветковски догодина на располагање ќе има 14,6 милиони евра. „Планирани се 3 милиони евра за наводнување на јужната долина на Вардар, од кои 2 милиони евра се заем од KfW, потоа 2,5 милиони евра за хидросистем Злетовица.И уште 415 илјади евра за хидросистем Лисиче“ Министерот за економија Беким Незири, догодина се планира да потроши 10,8 милиони евра. Исто толку тежи и касата на министерството за животна средина. Односно, министерот, Нурхан Изаири, догодина ќе има 10,6 милиони евра.   „Предвидени се 1,8 милиони евра водоводни системи во Тетово, Ликово и Зајас. За изградбата на каскадни прегради по реката Вардар што подразбира изградба на пречистителни станици во општина Ѓорче Петров и Сарај, предвидени се 1,2 милиони евра. А 620 илјади евра се предвидени за монтажа на пумпи за вода во експлоатациони бунари и изградба на потисен цевковод со цел зголемување на капацитетот на извориштето на вода за обезбедување на дополнителни количини на вода за хидросистемот Дојранско Езеро и за новиот систем за наводнување Паљурци“ Догодина Министерството за правда со кое раководи Аднан Јашари, на располагање ќе има 5,9 милиони евра. „За реформи на судството ќе се одвојат 520 илјади евра, со цел да се придонесе за подобрување на судската ефикасност и ефективност, како и на деловната клима преку зајакнување на судските капацитети и на капацитетите на министерствата за системска имплементација на стратегијата за реформите во судството, како и на законите што влијаат на судството и подобрување на судската инфраструктура“, е наведено во рпедлог –Буџетот за догодина. Министерот за локална самоуправа, Лирим Шабани догодина на располагање ќе има 5,7 милиони евра. „Во буџетот на ова министерство предвидени се 2,6 милиони евра за изградба на плоштадот Скендер бег“ Елизабета Канчевска –Милевска, која раководи со Министерството за култура ќе менаџира со 5,6 милиони евра догодина. „За универзитет на Св.Климент кај Плаошник предвидени се 1,5 милиони евра. За скопско, тетовско и виничко кале предвидени се 714 илјади евра“ Министерот за информатичко општество, Иво Ивановски и годинава ќе има исто пари колку и лани. Односно 4,7 милиони евра. Н.С.