01 Септември, 2024
0.0273

Буџетот е стокмен, што сè ќе се гради следната година во Скопје?

Објавено во: Македонија 05 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Градскиот вкупен буџет за следната година ќе биде поголем за 1,4 % од годинешниот буџет.  Според Нацрт Буџетот за 2014, Градот Скопје, следната година планира да оствари вкупни приходи и други приливи во вредност од над 89 милиони евра, што е повеќе од годинешните близу 88 милиони евра. Основниот Буџет е планиран во висина од 53.382.113 евра, 5.501.024 евра отпаѓаат на Буџетот на самофинансирачки активности, со нешто повеќе од 21 милион евра градската каса ќе се надополни со дотациите од Владата, околу 1,3 милиони ерва се планирани за Буџетот на донации и 6,4 милиони евра ќе изнесува Буџетот на кредити. Буџетскиот дефицит за следната година е проектиран на околу 4,1 милион евра. Во текот на следната година, Градот очекува во вкупниот буџет најмногу средства да се приберат од даночните приходи поточно 32 милиони евра, со 34% во вкупните приходи е планирано да учествуваат трансферите и донациите, а остатокот се неданочни приходи, капитални приходи, домашни задолжувања,задолжувања во странство и продажба на хартии од вредност. На расходната страна од градската каса најмногу пари ќе се потрошат за капитални проекти или 33.781.723 евра. Близу 20 милиони евра се планирани за плати и надоместоци, околу 25 милиони евра за стоки и услуги, остатокот отпаѓа на резерви и недефинирани расходи, каматни плаќања, субвенции и трансфер и отплати на главници. Колку пари ќе се потрошат за проектите Панорамско тркало, Градска куќа, Катни гаражи Нешто повеќе од 24 милиони евра за следната година се планирани за Секторот за планирање и уредување на просторот и плус околу 4,6 милиони евра од кредити. Во Нацрт Буџетот за 2014 година се предвидени близу половина милион евра за изработка на Проектот Панорамско тркало. За изградба на Градската куќа и надзор при изградбата, планирано е да се издвојат 84.552 евра. За изградба на приклучоци и трафостаници за Луна Парк се планирани 81.300 ерва. Еве дел од проектите од овој сектор, за кои се предвидени пари во градскиот буџет за 2014 година.
  • Реконструкција на деловни објекти на Град Скопје 32.520 ерва
  • Физибилити студии 130.081 евра
  • Набавка на лифтови за катни гаражи 292.682 евра
  • Катна гаража Даме Груев(изградба и надзор) 3.284.552 евра, кредит 3.447.154 евра
  • Катна гаража МХВ Јасмин (изградба и надзор) 1.487.804 евра
  • Реконструкција на стамбени објекти,фасади 1.398.373 евра
  • Одржување на фонтани споменици 325.203 евра
  • Изнајмување на магацински простор за модели од скулптури 40.650 евра
  • Изградба на паркинг СРЦ Матка 113.821
  • Изградба на улици,патишта и автопати 943.089
Ќе се реконструираат булеварите, ќе се гради Подземната сообраќајница о секторот за планирање и уредување на просторот спаѓа изградбата на клучниот проект на градските власти, Подземната сообраќајница, како и реконструкцијата на булеварите. Со Нацрт Буџетот за 2014 година за изградба на Подземната сообраќајница се предвидени 480.804 евра од градската каса, 975.609 евра од кредити и исто толку од дотации од Владата. Еве дел од булеварите и улиците за кои се планирани пари за реконструкција со Нацрт-Буџетот.
  • Реконструкција нa бул.Јане Сандански 16.260 евра
  • Реконструкција на бул. Илинден II фаза (и 3та фаза за 2013) 292.682 евра
  • Доизградба на бул.Партизански одреди до Св.Петар и Павле 81.300 евра
  • Реконструкција на ул. Митрополит Т. Гологанов 406.504 евра
  • Изградба на надвозници и пешачки мостови 243.902 евра
  • Реконструкција на Бул. Никола Карев (четврта лента) 65.040 евра
  • Реконструкција на раскрсница 8-ми Септември и ул.Скупи  16.260 евра
  • III Македонска бригада I и II фаза со кружен тек 617.886 евра
  • Реконструкција на ул.Јордан Мијалков (Железничка ) 292.682 евра
  • Реконструкција на ул.Св.Кирил и Методиј (Мито Хаџивасилев Јасмин) 16.260 евра
  • Бул. Х.Т. Карпош ( до обиколница и проширување) 406.504 евра
Во буџетот се предвидени пари за изградба на трамвајските депоа Близу 6 милиони евра следната година е планирано да се потрошат за Секторот сообраќај и дополнителни 1,8 милиони евра од кредити. Од градската каса за консултанстки услуги за ски-патеката и трамвајот со Нацрт-Буџетот за 2014 година е планирано да се потрошат околу 65 илјади евра. Во изградба на трамвајски линии и депо, како и набавка на вагони, е планирано Градот да учествува со  81.300 евра.  Според тендерските услови во инвестицијата за проектот Трамвај за кој сега прво се бара консултант па потоа концесионер, со по 50 % ќе учествуваат и Градот Скопје и Владата. Според Нацрт Буџетот, Градот и следната година планира да дава субвенции за дел од јавните претпријатија. Така наменски субвенции во висина од околу 3,7 милиони евра ќе добие ЈСП Скопје, а 24.390 евра во вид на субвенции ќе добие ЈП Градски паркинг.  Градот следната година планира да идвои околу 484 илјади евра за ДДВ за компјутерска и друга опрема за ЦУКС и за истата намена се предвидени и околу 1,8 милиони евра одкредити. Над 3,3 милиони евра за плати Во буџетот за следната година се испланирани 3.365.853 евра за плати на администарцијата, 26.016 евра за плати на градоначалникот, околу 65 илјади евра за привремени вработувања и 260.162 евра за надомест. Нешто повеќе од 16 илјади евра се предвидени за патувања во странство и речиси исто толку пари за купување на возила. Со Нацрт Буџетот за 2014 година за кој градските советници ќе расправаат во петок, се планирани пари и за другите градски сектори. Ј.С  

Можеби ќе ве интересира

ФИЛИПЧЕ: Владата нема оправдување што наставниците ја започнуваат школската година без покачени плати

ФИЛИПЧЕ: Владата нема оправдување што наставниците ја започнуваат школската година без покачени плати

НЕВЕНЧАНАТА СОПРУГА МУ ГО ОШТЕТИЛА ВОЗИЛОТО: Неготинчанец пријавил во полиција

НЕВЕНЧАНАТА СОПРУГА МУ ГО ОШТЕТИЛА ВОЗИЛОТО: Неготинчанец пријавил во полиција

АПАСИЕВ ГИ СПОРЕДИ ИЗЈАВИТЕ ШАЌИРИ И ВЕСНА ЈАНЕВСКА: Се однесуваат на албанската паралелка во Чашка

АПАСИЕВ ГИ СПОРЕДИ ИЗЈАВИТЕ ШАЌИРИ И ВЕСНА ЈАНЕВСКА: Се однесуваат на албанската паралелка во Чашка

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение

(ФОТО) ПОЖАРОТ НА ВОДНО Е ИЗГАСНАТ: Седум пожарникари со две возила го ставија огнот под контрола

(ФОТО) ПОЖАРОТ НА ВОДНО Е ИЗГАСНАТ: Седум пожарникари со две возила го ставија огнот под контрола

ГУЖВА НА ГРАНИЦА: Метеж на Богородица и Табановце

ГУЖВА НА ГРАНИЦА: Метеж на Богородица и Табановце

ЦУК: Пожар изби во планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ на врвот на Водно

ЦУК: Пожар изби во планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ на врвот на Водно

БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА: За Центарот за македонски јазик во Лерин правда ќе бараат и во Стразбур

БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА: За Центарот за македонски јазик во Лерин правда ќе бараат и во Стразбур

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски нема да го исполни барањето на Арсовска, а приватните превозници најавија редуциран превоз

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски нема да го исполни барањето на Арсовска, а приватните превозници најавија редуциран превоз