17 Мај, 2024
0.0264

БУЏЕТСКИ ДЕФИЦИТ ОД 4,6 ОТСТО, инфлацијата уште ќе не дрма и ќе биде 7,1 процент - Бесими го претстави буџетот

Објавено во: Економија 02 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Согласно проекциите на Министерството на финансии следната година нашата економија ќе расте со забавен раст. Нивните проекции велат дека БДП следната година ќе порасне за 2,9 отсто, додека пак на инфлацијата од 7,1 процент.

- Денес се одржа седницата на Владата каде се презентираше буџетот за 2023 година, каде беше изгласан. И оваа година, како и претходните две години, веќе трета година по ред, создаваме буџет во услови на криза, ковид криза, енергетската криза, инфлацијата овој пат, а очекувањата се дека ќе продолжи кризата и следната година. Од овој аспект подготовката на буџетот е предизвик за секоја држава, која се соочува со предизвиците од глобалната енергетска криза. Ние како мала економија, отворена економија, при што најголем партнер е Германија која догодина ќе се соочува со сериозни предизвици... Ние проектираме раст од 2,9 отсто на БДП кој е ревидиран надоле, од она која сме ја имале од 4,6 посто. Потоа инфлација од 7,1 отсто, како и буџетски дефицит од 4,6 отсто. Со ова ги утврдуваме трите основни цели на буџетот. Главниот предизвик е да се соочиме и да се справиме со шоковите од глобалната криза, да се одржи економскиот раст, да се извршат сите обврски на државата без исклучок, да се поддржат реформите и нашите интерграциски процеси, како и обврските о д членството во НАТО. Ова е важно за макроекономската стабилност, и од аспект на кредиторите на меѓународните пазари, за што сигнал плус е договорот со ММФ за програмата за претпазливост и ликвидност за овие две години – кажа министерот Фатмир Бесими на денешната пресконференција. 

Тој дополни дека буџетот во услови на криза, носи епитет на буџет кој е одговор на кризата, содржи антикризни мерки и го поддржува растот, посочувајќи на златното правило, капиталните расходи се на повисоко ниво од дефицитот.

-  Карактеристично е што се соочувавме со енергетската криза, па првото полугодие растот се задржа на 2,6 отсто, немаше негативни стапки на раст, а на пазарот на труд има намалување на стапката на невработенсот. Планот е стапките на инфлација да се спуштат на два посто во следните години, на среден рок, но и раст на инвестициите, намалување на невработеноста... Вкупните приходи се проектирани на 282 милијарди денари 14,8 отсто повисоки од 2022 година. Вкупните расходи на 324,8 милијарди денари, или за 12,6 проценти повисоки од 2022 година. Буџетскиот дефицит на ниво од 4,6 отсто од БДП. Во првото полугоди останува повластена стапка на ДДВ од 10 отсто за прометот со електрична енергија кон домаќинствата како антикризна мерка – прецизира министерот Бесими. 

Претходно „Фактор“ објави дека согласно плановите на Министерството за финансии, Буџетот за следната година е проектиран на над пет милијарди евра

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА