Бугарија го укина карантинот за граѓаните од Македонија
Објавено во: Македонија, Балкан, Корона Вирус 01 Јуни, 2020
Во Бугарија е укинат карантинот за граѓаните од ЕУ, Србија и Северна Македонија.
Директорите на регионалните здравствени инспекторати ја укинаа наредбата за задолжителен карантин на лицата кои влегле на територијата на Република Бугарија во периодот од 20 мај до 31 мај 2020 година, а се од земјите членки на Европската унија, од Србија и Северна Македонија.
Тоа се однесува на граѓаните за кои причината за карантинот не е контакт со лице заразено со Ковид-19, стои во новата наредба на бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев, пренесува БГНЕС.
За сите лица кои во истиот период влегле на територијата на Република Бугарија од Кралството Шведска, Велика Британија, Северна Ирска, Кралството Белгија, Република Ирска, Република Португалија, Кралството Шпанија, Малта и Италија, останува да важи мерката карантин.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.