Добивај вести на Viber
Бугарија и Грција направија чекор напред во привлекувањето на руските туристи.
Тие се воздржуваат од најпопуларните за нив дестинации, откако Москва воведе санкции на Анкара, по соборениот руски воен авион лани, пишува турскиот весник „Хуриет".
Грција започнува издавање на визи за руските граѓани со тригодишен период на валидност и процедура која трае само еден ден. За возврат Бугарија пак ги намали трошоците за визите.
Во изминатата година 3,5 милиони Руси ја посетија Турција.
Многу од нив избираат „ол инклузив" пакети понудени од хотелите во земјата на медитеранските и егејските летувалишта.
Олег Сафонов, директор на руската Федерална агенција за туризам, предупреди дека Бугарија и Грција прават напори да ја сузбијат Турција на пазарот за руски туристи, тврди весникот.