Добивај вести на Viber
Уште најмалку една година Бугарија и Романија ќе останат под мониторинг на Брисел.
Владите на земјите од ЕУ сметаат дека механизмот за мониторинг останува соодветен инструмент за Романија и Бугарија барем до следните извештаи за овие земји. Советот на министрите за општи прашања излезе со став дека Бугарија треба итно да го прифати новиот антикорупциски закон. На Бугарија и се препорачува да ја засили политичката решеност за постигнување на видлив напредок во судските реформи, вклучително и за независно обвинителството. Романија е на пат да ги исполни целите на европскиот механизам за стабилни и неповратни реформи за борба против корупцијата. Ако властите во Букурешт се фокусираат за спроведување на преостанатите препораки во последниот извештај на Европската комисија, тие ќе создадат услови за исполнување на сите критериуми кои ги налага ЕУ.