Бугарија ја одигра македонската епизода - Геополитика или историско слепило?
Објавено во: Македонија, Анализа 01 Октомври, 2019 09:05
Бугарските политичари одиграа уште една епизода од нивната омилена серија за прекорување на Македонија со закани дека ако не прифатиме одредени историски "вистини" дека ќе ни биде блокиран патот кон Европската унија.
Најгласен во овие закани беше министерот за одбрана Красимир Каракачанов од помалиот владин коалиционер на премиерот Бојко Борисов кој се закануваше дека ќе излезе од Владата доколку Бугарија не го спречи доделувањето на датум за преговори во октомври.
Бугарија дома се сили, но ја гледа ли големата слика?
Во Бугарија во тек се локалните избори па така оваа тема им дојде како кец на десетка на политичарите кои со децении демонстрираат строгост кон македонското прашање и наводниот бугарски карактер на Македонија, оценуваат експертите.
Интересно е што како ретко кога БГнес како најголема новинска агенција на насловна страна напиша дека блокирањето на Македонија ќе биде голема стратешка грешка.
"Задоцнувањето на разговорите за пристапување на Македонија во ЕУ за позицијата на Бугарија може да доведе до дестабилизација на Балканот, како и да ја стави нашата земја во изолација во регионот и нашите евроатлантски партнери, особено САД и Германија" напиша Георги Пашкулев уредникот на БГнес.
Тој додава дека Бугарија не смее да изостане од геоекономските трендови на поврзување со големите нации, особено што постои ризик да биде исклучена од коридорот 8 без пристап до Албанија, Италија и остатокот од Европа, како и за гасоводот кој преку Израел, Кипар ќе води кон Србија, Унгарија и остатокот од Источна Европа.
Пешков додава и дека бугарска блокада ќе овозможи во Скопје повторно сила да добијат политичките сили кои имаат анти-бугарски позиции и се против нормализирање на односите со Софија во рамки на евроатлантските интеграции.
Историја и историска утка
Проблемите меѓу Македонија и Бугарија треба да се решаваат природно во двете општества и да се надмине потребата од меѓудржавен спор. Секако во оваа ситуација и во Бугарија мора да се создава слика дека постоењето на македонскиот јазик и македонската нација е непобитен факт кој мора да се прифати. Следниот чекор е да се зголемат инвестициските зафати и да се изградат автопати и железници за целосно поврзување на двете соседни земји. Било кое друго силување на позицијата која ја има Бугарија во однос на можностите за вето како сега така и над 70 пати кога ќе бидат отворени поглавјата за преговори ќе значи влошување на состојбата на Балканот.
"Евентуалното влошување на бугарско-македонските односи ќе се совпадне за време и со важните процеси на Западен Балкан. Тие се однесуваат на обидите на Белград да го поврати своето влијание меѓу земјите од поранешна Југославија, со исклучок на Хрватска и Словенија, кои веќе се членки на ЕУ, и Албанија. Т.е. ова е некоја нова форма на старата интегрална Југославија. Овој проект датира од 1930-тите и предвидуваше контрола на соседите на монархијата Караѓорѓевиќ, вклучително и ликвидација на Албанија и Бугарија како независни држави" пишува Пашкулев во уредничкиот коментар.
Република Северна Македонија по се изгледа нема да добие кочница од Бугарија во октомври иако процесот на "пеглање" на историските разлики преку заедничката комисија ќе продолжи да биде камен на сопнување и механизам за вршење на притисок, кој ако не сега на самиот почеток на преговорите може да се примени при секое отворање на поглавјата за преговори.
Х.С.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец





