20 Декември, 2025
0.0351

Бугарија ќе се снабдува со гас и од Азербејџан

Објавено во: Балкан 19 Септември, 2013 18:57

Добивај вести на Viber

Гугарската компанија Булгаргаз потпиша договор со конзорциумот Шах Дениз 2 за купување на природен гас од Азербејџан, соопштија од компанијата.Како што пренесуваат бугарските медиуми,  испораките на гасот ќе започнат најрано во 2019 година , а ќе се дистрибуира 1 милијарди кубни метри годишно. Клаузулите на договорот сепак ќе се активираат при донесување на одлука за инвестирање за втората фаза на Шах Дениз 2. Уште во почетокот на годината извршниот директор на Булгаргаз, Димитар Гогов соопшти дека се водат преговори за купување на азербејџански гас . Сепак транспортот до Бугарија се отежнува, бидејќи конзорциумот Шах Дениз 2 го  отфрли Набуко -Запад како фаворитна траса за транспорт на суровината до Европа . Азербејџанскиот гас ќе потече во трансатлантскиот гасовод кој поминува низ Грција и стигнува до Италија, а до бугарија пак ќе се носи преку Грција и Турција , врски кои сеуште не се изградени . Во меѓувреме ИТАР -ТАСС соопшти дека Шах Дениз Втори потпишал договори со уште 8 големи компании за снабдување со природен гас - Shell , GasNatural Fenosa , DEPA , E.on , GDF Suez , Axpo , Enel и HERAtrading . Со овие договори ќе бидат доставени над 10 милијарди кубни метри гас годишно до Италија , Грција и Бугарија , истакна на церемонијата на потпишување на договорите регионалниот директор на BP за Азербејџан , Грузија и Турција, Гордон Бруер.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација