20 Декември, 2025
0.3272

Бугарија на две мориња!

Објавено во: Балкан 15 Септември, 2013 20:52

Добивај вести на Viber

„Следната година ќе одиме на нашето море или на Црно море?“, ова прашање со насмевка си го поставуваат луѓето во бугарската област Карџали, еден ден по отворањето на преминот Маказа со соседна Грција. Тие не ја кријат возбудата од очекуваниот, речиси 70 години настан за отворање на границата, пишува бугарски Капитал. И додека политичарите зборуват за нови можности за раст на економијата, за локалните жители новиот премин e сеуште симбол на возобновената врска со нивните блиски и роднини од едно место , со што историски и географски и органски се поврзани со векови. Историјата на преминот Маказа е сложен и полн со пресврти, иако ова е едно од најубавите места на Балканот , но и најуништувано низ вековите од напаѓачите и големите сили, пишува Капитал . По Балканската , Првата и Втората светска војна регионот е, де под бугарско , де под грчко владение. Локалните жители се малтретирани, раселени, враќани. На местото на сегашниот граничен премин (кој дури и ќе го нема , ако Бугарија влезе во Шенген ) некогаш минувала железната завеса, но сега овој регион добива нови можности . Транспортната врска Бугарија - Грција во Маказа е уште една шанса и надеж за трговијата и туризмот во регионот, иако уште неколку години тој ќе се користи само од автомобили . Очекуваните коридори за ТИР - ови со стоки и автобуси со туристи ( преминот е дел од европскиот транспортен коридор 9 Хелсинки - Александрополис ) нема да се случат пред изградбата од грчка страна на врската со автопатот „Виа Игнација " , а од бугарска - на спојката кај Карџали. Битка за асфалт Повеќе од 20 години траат преговорите за отворање на преминот, а најголем проблем е инфраструктурата .Четири години трае подготовката на проектот за 18 -километарскиот пат од селото Поткова до Маказа , а во 2000 година делницата е вклучена за финансирање на програмата ФАРЕ . Проценетата вредност на патот е 25,5 милиони евра . До 2003 година се прави експропријацијата , а потоа изградбата е доверена на турскиот конзорциум „Киска - Туран " . Договорот е околу 18 милиони евра , но поскапува до 25,5 милиони евра . Овој пат е завршен на крајот на 2006 година, за во 2011 година да се завршат и последните 200 метри до границата вредни 4,5 милиони лева. Проблемот , сепак, е тоа што дека грчкиот дел од Маказа до Комотини , кој е многу сложен  и чини 85 милиони евра , е започнат дури во 2007 година. Грците имаат проблеми како со финансирањето , така и со спроведувањето на тешкиот проект и неколкуте планински тунели. Грчкиот дел сепак е завршен буквално еден месец пред отворањето на граничниот премин Маказа . Во октомври ќе биде подготвена и делницата Карџали-Поткова која се финансира по Оперативната програма " Транспорт " со 32 милиони лева , а ќе скрати 13 километри пат до Маказа . Четири километри пак им остануваат на Грците , за да изградат врска со автопатот " Виа Игнација " . Грците во Бугарија-Бугарите во Грција Привлечени од ниските цени , Грците веќе можат да се забележат во продавниците и бензинските пумпи по границата. Се продава и во левови и во евра . Сопствениците на продавници, ресторани, хотели, веќе пуштаат реклами во грчките регионални телевизии и печат. Бугарите пак сега за само еден час со автомобил се на Егејското море . Бугарски автомобили со регистрации од целата земја наскоро ќе станат вообичаена глетка на најубавите плажи крај Марота и Комотини, пишува бугарски Капитал кој заклучува дека еден пат и еден граничен премин ја враќаат нормалноста на живеењето и во извесна смисла слободниот избор на целиот регион.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација