19 Декември, 2025
0.0633

Бугарија – новата каса за Грците

Објавено во: Балкан 30 Јули, 2015 13:30

Добивај вести на Viber

За да ја избегнат капиталната контрола во својата земја, Грците треба да преземат само едно кратко патување до соседна Бугарија.

Илјадници граѓани веќе си отвориле сметки, а претприемачите ги преместуваат филијалите или целата компанија, пишува во својата репортажа германското списание Der Spiegel.

Строгите ограничувања, чија цел е да го заштитат грчкиот банкарски сектор од колапс, доведоа до масовно бегство кон најсиромашната држава во ЕУ.

Авторот на статијата Јоргос Христидис пишува како се поврзува по телефон со службеничка од софиска канцеларија на Unicredit Bulbank која на совршен англиски објаснува дека грчките граѓани можат лесно да си отворат сметка во евра или левови, како тоа трае само неколку часа и треба да биде покажана лична карта или пасош. "Веднаш може да се користи интернет или мобилно банкарство, а самата банкарска картичка се издава во рок од пет дена", појаснува таа.

Кога авторот вели дека живее во Солун, вработена му препорачува да отиде во најблиската експозитура во Сандански, град кој се наоѓа на 20 километри од грчката граница и на половина час од Солун. По сè изгледа дека не и е првпат да го објаснува тоа. "Да, имаме многу странски клиенти, се разбира, и Грци".

Од воведувањето на капитална контрола бугарските банкарски службеници често си имаат работа со соседите од југ. Некои се обидуваат да го заобиколат така ограничувањето за вадење на 420 евра неделно, додека другите добиваат така одобрение за големи прекугранични преводи. И уште многу Грци стравуваат од можен "данок" на банкарските депозити или враќање на драхмата, што би можело да ги чини поголем дел од нивните финансиски средства.

Во моментов, многу Грци ги користат бугарските сметки, за да го изнесат на виделина скриените пари под душеците . Во месеците во кои грчката криза се интензивира, Грците повлекоа од сметките околу 45 милијарди евра и сега ги извезуваат парите во странство.

За владата на Алексис Ципрас тоа станува се поголем проблем. Тоа овозможува меѓувреме извезување на максимум 2000 евра по лице на едно патување во странство. На пример, ако еден Грк секој ден во рок од една недела прави кратко патување до Сандански, ќе има во бугарска сметка сигурни 14 000 евра - сосема легално.

На некои и тоа не им стасува. Грчки медиуми пишуваат за жена која патувала со автобус за Албанија , во чиј багаж цариниците пронашле 23 000 евра. Парите биле конфискувани, а жената - казнета.

За компаниите предностите во Бугарија се рамниот данок, како и ниските минимални плати. Додека во Грција данокот на добивка изнесува 29% веќе, во Бугарија е со стапка од 10%. А минималната плата од околу 174 евра месечно, како и помала бирократија, исто така, се повлече. Според германското списание грчка фирма може во рок од четири недели да открие сестринска фирма во Бугарија.

Според бугарскиот трговски регистар во 2014 година во земјата имало 11 500 претпријатија со грчко учество, што е за 2.500 повеќе во споредба со претходната година. Списанието го наведува Краси  Станчев од Институтот за пазарна економија, кој смета дека за шесте години од избувнувањето на финансиската криза грчки компании имаат инвестирано во Бугарија меѓу 4,5 и 5 милијарди евра. Тој исто така смета дека за тоа време до 60 000 Грци отвориле сметка во бугарска банка.

Според грчки претприемач, кој сака да остане анонимен, тоа е само "стратегија за преживување". "Бугарската банкарска сметка ја спаси мојата компанија", вели сопственик на експортноориентирано средно претпријатие од Солун. "Можам да ги заобиколам долгите, бирократски и често безуспешни процеси во решавање на паричните трансфери".

Владата во Атина се обидува да се спротивстави. Банките имаат право да прават трансфери за корпоративни клиенти до 100 000 евра, без тие да мора да се одобруваат од специјалниот комитет, формиран од Министерството за финансии. Дали тоа ќе врати многу фирми во грчките банки, е сомнително.

Иако на инвеститорот му е тешко да сврти грб на својата татковина, тој признава за слегувањето на земјата "во долната лига". "Пред неколку години Грција беше пример за другите земји на Балканот. Бевме развиена економија, поврзана со Западот, дел од центарот на Европа. Денес дури Албанија изгледа атрактивна ", признава тој.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација