17 Декември, 2025
0.0622

Бугарија пресметува штети од уште една катастрофална поплава

Објавено во: Балкан 08 Септември, 2014 12:55

Добивај вести на Viber

Бугарија се обидува да ги санира штетите од третата поголема поплава што ја зафати земјата годинава. Во водената стихија на бугарското црноморско приморје вчера три лица го загубија животот. Бугарските власти наредија истрага за да се испита како тие го загубиле животот. Посебни комисии одново ќе прават проценка на штетата што го погоди регионот на Бургас. Во овој регион денеска е прогласен и ден на жалост за жртвите. Поплавите погодија повеќе градови и села во југоисточниот дел од земјата, а многу туристи мораше да бидат евакуирани со хеликоптери од одморалиштата Китен, Приморско и Созопол, откако се излеаја притоките на реката Марица. Најголемите поплави годинава Бугарија ги преживеа во мај, кога загинаа 12 лица и кои предизвикаа сериозни штети особено во туризмот. Најновиот бран дополнително ја влоши се уште несанираната состојба на терен.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни